Осуда за заканите упатени кон ТВ Канал 5

Скопје, 16 јануари 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува заканите упатени кон вработените во телевизија Канал 5 од страна на физичко лице на социјалната мрежа „Фејсбук“.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 11 јануари 2023 година – Во врска со спречувањето на новинарските екипи на „Радио Лидер“ и на „Курир“ да ја проследат посетата на владини претставници на фабриката „Пекабеско”, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека попречувањето на работата на новинарите претставува загрозување на слободата и правото на информирање[…]

Одржан четвртиот јавен состанок на Агенцијата за 2022

Скопје,  21 декември 2022 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска одржа јавен состанок, на кој директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје,  9 декември 2022 година – Во врска со барањето на припадници на полицијата, новинарката Фазиле Халили од ТВ 21 да ги избрише видео записите направени за време на  протестот поврзан со блокадите на приватните превозници, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека новинарите имаат должност да покриваат и известуваат за настани кои се од јавен карактер.[…]

Одржана работилница за медиумските потреби на лицата со попреченост

Скопје, 28 октомври 2022 –  Денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022 ја одржа работилницата „Неодложна пристапност“ – медиумските потреби на лицата со попреченост. Работилницата имаше за цел да им помогне на радиодифузерите и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање полесно да се справат со обврските од ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги, согласно која ќе треба да ги направат своите програми достапни за лицата со попреченост.[…]

Отворени Денови на медиумска писменост 2022

Скопје, 25 октомври 2022 – Под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, почнувајќи од денес па сè до 1 ноември, во организација на Мрежата за медиумска писменост се одржуваат Деновите на медиумска писменост 2022. На овој начин, нашата земја четврта година по ред се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.[…]

Одржан третиот јавниот состанок на АВМУ за 2022 година

Скопје, 30 септември 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера одржа јавен состанок, на кој директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.[…]



Accessibility

Accessibility