Скопје, 22.12.2017г. – Денеска, Агенцијата го одржа последниот јавен состанок за 2017 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој ги презентираше активностите што Агенцијата ги реализираше во изминатото тромесечие – […]
Featured Articles
Нова алатка за родовата еднаквост во медиумите
Скопје, 21.12.2017 – Во рамките на настојувањето на медиумските професионалци и на другите заинтересирани чинители континуирано да им обезбедува алатки за подигнување на свеста за улогата на медиумите во постигнувањето еднаквост меѓу жените и мажите, Агенцијата ја преведе на македонски и албански јазик Препораката за родова еднаквост во аудиовизуелниот сектор што Советот на Европа ја усвои во септември 2017 година.[…]
Известување од Вишото јавно обвинителство во врска со говорот на омраза на ТВ Сител во декември 2016г
Скопје, 20.12.2017. – Во врска со постапувањето на Основното јавно обвинителство Скопје по барањето на Агенцијата за ТРД Сител ДООЕЛ Скопје, поради поттикнување и ширење дискриминација, нетрпеливост и омраза во повеќе прилози во четири последователни изданија на дневно-информативната емисија „Дневник’, во 19 и 23 часот, емитувани на 2, 3, 4 и 5 декември 2016 година, Агенцијата до Вишото јавно обвинителство поднесе барање за вршење надзор врз неговата работа.[…]
Објавен третиот видео спот од авантурата на Јове низ медиумската писменост
Скопје, 19.12.2017г. – Јове станува се помудар за медиумите и продолжуваат неговите авантури на Островот на медиумската писменост.[…]
Потпишан Меморандум за соработка со Агенцијата за комуникациски мрежи и услуги на Република Словенија
13.12.2017г. –Во рамки на билатерална средба, денес во Љубљана, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за комуникациски мрежи и услуги на Република Словенија, потпишаа меморандум за соработка.[…]
Студенти во посета на Агенцијата
Скопје, 07.12.2017г. – Неделава, Агенцијата беше домаќин на студенти од Факултетот за Правни студии и новинарство при Државниот универзитет во Тетово и од Факултетот за Правни студии и новинарство и односи со јавноста при Универзитетот Гоце Делчев од Штип.[…]
Медиумски ден 2017
Скопје, 06.12.2017г. – Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, денес, го организира третиот Медиумски ден, при што повеќе печатени, електронски и онлајн медиуми од Скопје, Битола и Куманово ќе бидат домаќини на ученици од повеќе средни училишта од цела Македонија.[…]
Отворена јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата и Нацрт-годишните планови за вршење административен надзор и програмски надзор за 2018 година
Скопје, 21.11.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвора јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 годинa (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги), Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор за 2018 година, и Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор за 2018 година.[…]
ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИКОТ НА ОБСЕ ЗА СЛОБОДА НА МЕДИУМИ
Скопје, 15.11.2017 година – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, вчера попладне оствари средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир.
Годишен план за јавни набавки во 2014 година
Годишен план за јавни набавки за 2014 година на Агенцијата (со измена) – Пречистен текст од 7.10.2014г Годишен план за јавни набавки за 2014 година … […]