Советот за радиодифузија на РМ уште еднаш ги потсетува телевизиите и радијата дека во периодот до почетокот на изборната кампања не смеат да емитуваат содржини со кои непосредно или посредно промовираат ставови, програми, платформи, достигнувања, активности и др. на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници.[…]
Featured Articles
28.12.2012г. Промовиран Модул за мониторинг и стручен надзор над операторите на јавни комуникациски мрежи
Советот за радиодифузија заедно со Агенцијата за електронски комуникации изработи веб апликација која е дополнителен модул на „Системот за електронски регистер на јавни комуникациски мрежи“. Станува збор за проект кој е резултат на Меморандумот за соработка помеѓу СРД и АЕК потпишан во јуни 2012 година.[…]
28.12.2012г. Советот повикува да им се овозможи на новинарите непречено да ги извршуваат своите обврски
Советот за радиодифузија, како независно регулаторно тело, при остварување на своите надлежности се грижи за слободата и плурализмот на изразувањето. Во врска со неодамнешните случувања во Собранието на Република Македонија и отстранувањето на новинарите, Советот ги повикува сите институции и политички субјекти да им овозможат на претставниците на медиумите непречено извршување на нивните професионални задачи.[…]
28.12.2012г. Презентација на модул за мониторинг и стручен надзор над операторите на јавни комуникациски мрежи
Советот за радиодифузија и Агенцијата за електронски комуникации, во текот на утрешниот ден (28 декември 2012 година), организираат презентација на дополнителниот модул на Софтверот за електронски регистар на јавни телекомуникациски мрежи.[…]
03.12.2012г. Прирачници
Советот за радиодифузија на 57-та седница од 03.12.2012 година, ги усвои следниве прирачници:[…]
16.11.2012г. Национален семинар „Развојни политики на аудиовизуелните медиумски услуги во услови на дигитално земско емитување“.
Скопје, 16 ноември 2012 година. Како дел од активностите предвидени со регионалниот проект на Југоисточна Европа – Digi TV, во организација на Советот за радиодифузија денеска се одржа национален семинар на тема „Развојни политики на аудиовизуелните медиумски услуги во услови на дигитално земско емитување“.[…]
10.10.2012г. Работен состанок со радијата
СКОПЈЕ – 10.10.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска беше домаќин на работен состанок со претставниците на радијата на национално и на регионално ниво. Овој состанок беше посветен на неколку аспекти од работењето на радиостаниците во Република Македонија, при што беа разгледани конкретни проблеми при спроведувањето на правилата за рекламирање и спонзорство.[…]
03.10.2012г. СРД го прифати барањето на Радиото Класик ФМ за промена на сопственичката структура
СКОПЈЕ, 03.10.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната 42-ра седница го прифати барањето на ТРД Гаудеамус Радио Класик ФМ, Мартин Дооел од Скопје за промена на сопственичката структура, откога беше констатирано дека со предложената промена нема да се создаде недозволена медиумска концентрација. Со ова се исполни и условот за стопирање на постапката за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.[…]
СРД ги повикува медиумите да известуваат професионално
СКОПЈЕ, 02.10.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) ги повикува медиумите да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи и да избегнуваат сензационализам во известувањето.[…]
25.09.2012г. ДЕМАНТ за написот во дневниот весник ДЕН со наслов: „Кој е кој во австралискиот радиодифузен сектор?“
СКОПЈЕ, 25.09.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) ги демантира наводите во дневниот весник ДЕН од 25 септември 2012 година во однос на тоа дека добил материјал од кој може да се заклучи дека фирмата што се претставува како SCTV е легална.
[…]