Одржан третиот јавен состанок на Агенцијата за 2023

Скопје, 28 септември 2023 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа третиот јавен состанок, на кој директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци[…]

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ АВМУ И КСЗД

Скопје, 24 август 2023 – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски и претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери, денеска потпишаа Меморандум чија цел е продлабочување на соработката особено во спречувањето дискриминација во програмите на давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на платформите за споделување видеа[…]

Осуда за попречувањето на работата на новинари и сниматели во Брвеница

Скопје, 24 август 2023 – Во врска со навредите и заканите упатени кон новинарската екипа на ТВ Коха, како и спречувањето на телевизиски екипи од повеќе медиуми и дописници од полошкиот регион да снимат инсерти во врска со пожарот во општина Брвеница, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека е апсолутно неприфатливо попречувањето на медиумските работници во вршењето на нивната работа[…]

Осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ Алсат-М

Скопје, 22 август 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот вербален и физички напад врз снимателот и новинарките на ТВ Алсат-М, како и упатените закани кон нив за време на снимањето инсерти во Скопската чаршија[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 20 август 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува изнесените навреди и дисквалификации од страна на компанијата ,„Брако”, упатени кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во врска со  документарниот филм „Убиство во Тетово“.[…]

Осуда за попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма

Скопје, 28 јули 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува попречувањето на новинарската екипа на ТВ Телма при нејзиното известување за вчерашната седница на Судскиот совет на која учествуваа и експерти на оценувачката мисија на Европската Унија[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 19 јули 2023 – Во врска со вчерашниот вербален и физички напад врз снимателот на ТВ 24, Иван Камчев кај Росоман, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека сите видови на напади врз претставниците на медиумите се апсолутно неприфатливи и дека во ниту еден момент нивната безбедност не смее да биде доведена во прашање[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 7 јули 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува повлекувањето на текстот објавен и уреден од новинарот и уредник Жарко Настоски, во онлајн изданието на медиумот Слободен печат[…]



Accessibility

Accessibility