СКОПЈЕ, 19 мај 2011 – Советот за радиодифузија ќе организира прес конференција за резултатите од тековниот мониторинг на радиодифузерите во однос на почитувањето на законската рамка во покривањето на предизборните активности.[…]
Новости
13.05.2011г. СРД ќе поведе прекршочна постапка против ТВ А1 поради кршење на правилата за покривање на предизборните активности
СКОПЈЕ, 13.05.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска одлучи да поведе прекршочна постапка против Телевизијата А1 поради прекршување на Изборниот законик.[…]
10.05.2011г. СРД им изрече мерки на радиодифузерите што ги прекршија правилата за медиумското покривање на предизборните активности
СКОПЈЕ, 10.05.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) на последната седница – врз основа на извршените анализи од редовниот мониторинг – им изрече мерки на радиодифузерите, коишто ги прекршија правилата за медиумското покривање на предизборните активности.
Прекршочни постапки се покренати против радиодифузерите:[…]
06.05.2011г. СРД ќе одржи работилница за методологијата за мониторинг на медиумското претставување во изборната кампања
СКОПЈЕ, 06.05.2011 – Со почетокот на изборната кампања на 16ти мај 2011, започнува и мониторингот на СРД врз работењето на радиодифузерите. Со цел тие полесно да го усогласат своето работење со одредбите од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања, СРД организира работилница за методологијата за мониторинг на медиумите во изборната кампања.[…]
03.05.2011г. СРД ги повикува сите општествени чинители да придонесат кон унапредување на слободата на медиумите
СКОПЈЕ, 03.05.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) на сите медиуми им го честита денешниот Меѓународен ден на слободата на медиумите, којшто има цел промовирање и подигнување на свеста за значењето на слободата и независноста на медиумите – притоа потсетувајќи ги државните институции за нивната обврска да го почитуваат и поддржуваат правото на слободата на изразување.[…]
На сила стапија правилниците на СРД за медиумското покривање на изборите
СКОПЈЕ, 28.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска ги извести сите радиодифузери дека на 27 април 2011 година во „Службен весник на Република Македонија“ број 60, се објавени „Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања“ и „Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања.“[…]
26.04.2011г. СРД ќе поднесе кривична пријава против ЈП Службен весник
СКОПЈЕ, 26.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) ќе поднесе кривична пријава против Јавното претпријатие Службен весник и против неговото одговорно лице, поради тоа што одби да ги објави подзаконските акти за регулирање на медиумското покривање на изборите.[…]
21.04.2011г. СРД ги усвои правилниците за медиумското покривање на изборите
СКОПЈЕ, 21.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги усвои „Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања“ и „Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнувањето на изборната кампања“ со шест гласа „за“ и два „против“ во законски определениот рок согласно со Изборниот законик.[…]
19.04.2011г. СРД ги изготви предлог-правилниците за медиумското покривање на изборите и побара мислење од ДИК
СКОПЈЕ, 19.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска попладне ги усвои предлог-правилниците за медиумското покривање на изборите пред започнувањето на изборната кампањата и за време на кампањата. Притоа беа разгледани и земени предвид сите коментари и забелешки што до СРД ги упатија радиодифузерите,Центарот за развој на медиуми и граѓанскиот сектор.[…]