Тирана, 30.03.2018 – Делегација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и претставници на регулаторното тело за медиуми на Република Албанија (АМА), денес во Тирана, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на искуства во областа на медиумската регулацијата.[…]
Соопштенија за медиуми
Одржан првиот јавен состанок за 2018 година
Скопје, 28.03.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за 2018 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој ги презентираше реализираните активности во изминатото тромесечие – надзорите врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и издавачите на печатени медиуми; изречените мерки; изработените истражувања, активностите на полето на меѓународна соработка и други активности.
Трошоци на директорот на Агенцијата за втората половина на 2017 година
Скопје, 26.03.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја поздравува и воедно се приклучува кон иницијативата на Владата на РМ за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции.[…]
Македонија во име на земјите од Западен Балкан настапи пред ЕРГА
Загреб, 23.03.2018г. – Претставниците на Групата на европски регулатори за аудиовизуелни медиумски услуги (ЕРГА) вчера и денеска во Загреб разговараа за справувањето со напливот на лажни вести и за важноста на регионалната и пошироката соработка во поглед на размена на искуства и добри практики.[…]
Реакција за заканите упатени кон претседателот на ЗНМ
Скопје, 08.03.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува заканите упатени кон Претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани.[…]
Демант на наводи изнесени од министерот Роберт Поповски на јавна дискусија
Скопје, 04.03.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги демантира наводите на министерот Роберт Поповски, од Јавната дискусија, одржана на 2 март 2018 година, во Владата на Република Македонија, дека Агенцијата со години не функционирала и не си ги вршела надлежностите, во контекст на реемитување странски програмски сервиси без авторски права.
Претставници на ОБСЕ/ОДИХР во работна посета на АВМУ
Скопје, 22.02.2018г. – Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од заменик шефот на одделот за избори, Ричард Лапин и советничката за избори во ОБСЕ/ОДИХР Тамара Отиашвили, денеска во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го претстави конечниот извештај на Набљудувачката мисија за локални избори[…]
Мислење од Комисијата за заштита од дискриминација во однос на претставка за мизогинија и сексизам на програмите на три радио станици
Скопје, 16.02.2018г. – Во врска со поднесената претставка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за заедничката кампања во сопствена продукција на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, Комисијата за заштита од дискриминација на РМ до Агенцијата, достави Допис – мислење […]
На новинарите да им се овозможи непречено вршење на работата
Скопје, 02.02.2018г. – Во врска со вчерашната реакција на ТВ 21 дека нивен новинар бил попречен да постави прашање на прес-конференција во Министерството за надворешни работи, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на неопходноста новинарите да можат непречено да ја вршат својата работа[…]
Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици – Годишен извештај за 2017г.
Скопје, 15.01.2018г. – Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици за 2017[…]