Повик на Привремената комисија за следење на медиумското претставување

Скопје, 16.08.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување упатува повик до сите заинтересирани да аплицираат за членство во Привремената комисија за следење на медиумското претставување и истото да го сторат на меил адресата contact@avmu.mk[…]

Повик за јавна расправа за работната верзија на методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување

Скопје, 10.08.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од денес отвора јавна расправа за работната верзија на методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година,[…]

Радиодифузерите да ја прилагодат програмата на денот на жалост

Скопје, 08.08.2016г. – Поради големиот број човечки животи загубени во временската непогода која ги зафати Скопје и околните места, Владата на Република Македонија го прогласи денешниот ден, 8 август 2016 година, за ден на жалост.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата,[…]

Именувани четири члена на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување

Скопје, 09.08.2016 година – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз основа на член 196-д, став 2 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој влезе во сила на 1 август 2016 година,  денес именуваше четири члена на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување.

[…]

Отворен циклус за поднесување на нацрт – проекти за развој на медиумите

Скопје, 29.06.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на добиен допис од страна на Министерството за култура, Националната комисија за УНЕСКО, ги информира сите медиуми и медиумски организации дека Меѓународната програма за развој на  комуникациите (IPDC) отвори циклус за доставување нацрт – проекти за развој на медиумите, за областите наведени во прилогот кон овој допис.

[…]

Активности на АВМУ за популаризирање на правото за одговор и исправка

Скопје, 13 јуни 2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во изминатиот период, спроведе низа активности насочени кон подигање на јавната свест во врска со користењето на правото на одговор и исправка. Ова право е механизам преку кој граѓаните и правните субјекти можат да ги повикаат на одговорност медиумите во случаите кога тие, случајно или намерно, ќе објават неточна информација или ќе повредат нечии права и интереси.

[…]

РЕАКЦИЈА НА АГЕНЦИЈАТА НА СТАВОВИТЕ НА ММА И НА СДСМ: АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ СО ФАКТИ, А НЕ СО ЗАКАНИ И НАПАДИ

Скопје, 20 мај 2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги обично реагира кусо и концизно. Меѓутоа, последните две реакции во врска со констатациите од мониторингот на медиумското известување во периодот по распишувањето на предвремените парламентарни избори во 2016 година – едната од СДСМ, а другата од Македонската медиумска асоцијација, бараат на едно место да се соберат фактите од 18-годишното функционирање на регулаторното тело.

[…]

Ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“- Скопје во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелним медиумски услуги

Скопје, 20.05.2016г. – Ученици од девето одделение при Основното училиште „Браќа Миладиновци од Скопје, во рамки на наставата по предметот граѓанско образование, денес ја посетија Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За време на посетата, имаа можност да се запознаат со организацијата, надлежностите и практичното работење на Агенцијата.[…]

ТРИ ПРЕКРШОЧНИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ИЗБОРНО МЕДИУМСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ

Скопје, 13 мај 2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во вториот извештај од мониторингот на медиумското претставување во вестите по распишувањето на изборите, за периодот од 25 април до 4 мај 2016 година, констатира дека ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Сител, известуваат за активностите на органите на власта во функција на изборно медиумско претставување на ВМРО ДПМНЕ. За констатираните прекршувања се покренати прекршочни постапки.[…]



Accessibility

Accessibility