Скопје, 27 октомври 2025 година – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, д-р Зоран Трајчевски, денеска во просториите на Агенцијата оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција во земјава, Н.Е. г. Кристоф Ле Риголер[…]
Соопштенија за медиуми
Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025
Скопје, 27 октомври 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година.[…]
Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк
Скопје, 20 октомври 2025 – Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 15 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел[…]
Прекршочни постапки за ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк
Скопје, 19 октомври 2025 – Врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 14 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025.[…]
ОД ДЕНЕСKA НА ПОЛНОЌ ПОЧНУВА ИЗБОРЕН МОЛК
Скопје, 17 октомври 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека изборната кампања за првиот круг од Локалните избори трае до 24:00 часот на 17 октомври 2025 година. Од 18 октомври заклучно со 19:00 часот на 19 октомври важат правилата за изборен молк.[…]
Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025
Скопје, 13 октомври 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со Локалните Избори 2025, може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на првиот круг од изборите, односно најдоцна до 24:00 часот на 13 октомври 2025 година.[…]
И УПРАВЕН СУД ЈА ОТФРЛИ ТУЖБАТА НА ЛЕВИЦА ПРОТИВ АВМУ
Скопје, 9 октомври 2025 – Управниот Суд, на седницата одржана на 6 октомври 2025 година, донесе Решение со кое ја отфрли тужбата на политичката партија Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.[…]
СУДOT ОДБИ ДЕЛ ОД ТУЖБАТА НА ЛЕВИЦА ПРОТИВ АВМУ
Скопје, 8 октомври 2025 – Основниот граѓански суд Скопје, на 3 октомври 2025 година, донесе Решение со кое како неоснован го одби предлогот од тужбата на политичката партија Левица против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за издавање привремена мерка со која на АВМУ ќе ѝ се забрани: до комерцијалните медиуми да го достави Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, а до Државната изборна комисија – да го достави извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање (ППР), врз основа на кој ДИК ги распределува и исплаќа средствата за ППР.[…]
Изготвен извештај за предизборното медиумско претставување од 10 август до 28 септември 2025
Скопје, 7 октомври 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изготви Извештај од мониторингот на радиодифузерите во периодот од распишување на изборите до почетокот на кампањата за Локалните избори, односно од 10 август до 28 септември 2025 година.[…]
АВМУ најостро го осудува навредливиот говор на Зоран Божиновски
Скопје, 7 октомври 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува говорот кој главниот и одговорен уредник на „burevеsnik.info“ Зоран Божиновски го користи во своите објави на социјалната мрежа Фејсбук, насочен кон новинари и новинарки.[…]