РАЗЛИЧЕН ОДНОС КОН ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ ВО ПРВИТЕ 10 ДЕНА ОД ПРЕДИЗБОРИЕТО

Скопје, 28 април 2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во Извештајот за медиумското претставување во првите десет дена по распишувањето на изборите, констатира дека дел од медиумите не ги почитуваат програмските начела за објективно и непристрасно прикажување на настаните, обезбедување различни,[…]

Осуда на нападот на Телевизија Сител

Скопје, 07.05.2016 година – Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува нападот на Телевизија Сител, којшто се случи вчеравечер,од страна на учесници во таканаречената „Шарена револуција“.[…]

Радиодифузерите да достават снимки од објавувањето на ценовниците за ППР

Скопје, 06.05.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува сите радиодифузери што доставија ценовници за платено политичко рекламирање, дека согласно одредбите од член 75-ѓ точка 4 од Изборниот законик, се должни до почетокот на изборната кампања, којашто според усвоениот Роковник на Државната изборна комисија започнува на 16 мај 2016 година, најмалку два пати јавно, на нивната програма, да ги објават усвоените ценовници за платено политичко рекламирање.[…]

Отворена Јавна расправа за Нацрт-Правилникот за утврдување на локациите до кои ОЈЕКМ кои реемитуваат програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се должни да го испорачаат својот сигнал

Скопје, 28.04.2016 год. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори јавнa расправa за текстот на НАЦРТ-ПРАВИЛНИК ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИТЕ ДО КОИ ОПЕРАТОРИТЕ НА ЈАВНИ ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ КОИ РЕЕМИТУВААТ ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ И ДАВАТЕЛИТЕ НА АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ПО БАРАЊЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ГО ИСПОРАЧААТ СВОЈОТ СИГНАЛ.[…]

Демант на Соопштението за јавност на СДСМ со наслов „АВМУ да ја санкционира Сител за лаги и подгревање меѓуетнички тензии или ќе биде соучесник“

Скопје, 23.04.2016г.  – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро ги демантира наводите изнесени во денешното соопштение за јавност на СДСМ, во кое се наведува дека СДСМ очекува АВМУ да ја санкционира телевизијата ТВ Сител, заради емитување на прилог со наслов “Дали во позадина на сценаристот за дестабилизација е план за федерализација на Македонија“, и дека за овој прилог СДСМ доставиле соодветен приговор до АВМУ.

[…]

Податоци за досегот на радиостаниците и телевизиите за уделот во вкупната гледаност – прв квартал 2016 година

Скопје, 19.04.2016г. – Податоците за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално ниво, прв квартал за 2016 година може да ги преземете на следниот[…]

ПРОДОЛЖУВААТ ОБИДИТЕ ЗА ПРИТИСОК ВРЗ АГЕНЦИЈАТА

Скопје, 18.04.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира на обидите за манипулација и извртување на вистината со тврдењата дека побарала да се цензурира изданието на емисијата „Миленко Неделковски шоу“, емитувано ноќта меѓу 15 и 16 април 2016 година.

[…]

Агенцијата започнува со мониторинг на медиумското известување за Предвремените парламентарни избори

Скопје, 15.04.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на медиумското известување за Предвремените парламентарни избори.[…]

ОБВРСКА ЗА УСВОЈУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ ЦЕНОВНИЦИ ЗА ППР

Скопје, 15.04.2016 година – Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека од денес тече рокот од пет дена во кој треба да усвојат и да достават ценовници за платено политичко рекламирање.[…]



Accessibility

Accessibility