23.04.2013 – Известување до телевизиите во врска со начинот на вметнување на рекламите на поделен екран

Чести се реакциите на публиката до Советот за радиодифузија, на која ù пречи кога рекламите на поделен екран (pop-up) се вметнуваат во програмите така што покриваат значаен дел од екранот, понекогаш покривајќи го титлуваниот превод на некои од странските програми што телевизиите ги емитуваат како своја програмска понуда.[…]

28.03.2013г. Извештај од медиумското покривање на локалните избори 2013 во вестите за време на изборната кампања (4-22 март 2013)

Советот за радиодифузија на својата 16-та седница, одржана на 27 март 2013 година го усвои Извештајот од медиумското покривање на локалните избори 2013 во вестите … […]

19.03.2013г. Соопштение до медиумите за исклучувањето на програмските сервиси на Пинк Медиа Груп

Во врска со неодамнешното исклучување на телевизиските програмски сервиси на Пинк Меди Груп од програмскиот пакет на операторот Тотал ТВ би сакале да ја информираме јавноста за следново:[…]

15.03.2013г. Усвоен Извештајот од медиумското покривање на локалните избори 2013 во вестите – први 10 дена (4-13 март 2013)

Скопје, 15.03.2013. На денешната седница Советот за радиодифузија го усвои Извештајот од медиумското покривање на локалните избори 2013 во вестите – први 10 дена (4-13 март 2013).[…]

06.03.2013г. Соопштение до радиодифузерите дека во сила е Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на Локалните избори

о започнувањето на изборната кампања за Локалните избори 2013 година, во сила е Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања во кој се уредени сите прашања поврзани со обврската на радиодифузерите да им овозможат на организаторите на изборна кампања еднакви услови за пристап до сите облици на медиумско претставување.[…]

26.02.2013г. Потсетување на радиодифузерите за правилата во врска со потврдените кандидати за локалните избори

Советот за радиодифузија ги потсетува радиодифузерите дека личностите кои од страна на надлежните изборни органи се потврдени како кандидати за градоначалници или за членови на советите на локалната самоуправа, не смеат да се појавуваат во програмите на радијата и телевизиите од моментот на потврдувањето до започнување на изборната кампања.[…]

21.01.2013г. Соoпштение за медиумите за потсетување на обврските што произлегуваaт од изборната регулатива

Советот за радиодифузија на РМ уште еднаш ги потсетува телевизиите и радијата дека во периодот до почетокот на изборната кампања не смеат да емитуваат содржини со кои непосредно или посредно промовираат ставови, програми, платформи, достигнувања, активности и др. на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници.[…]



Accessibility

Accessibility