Јавен повик за мислења и предлози за можните правци на развој на непрофитните медиуми

Скопје, 31.12.2014г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува сите граѓани и заинтересирани субјекти, да се вклучат во јавната расправа за можните правци на развој на непрофитните медиумиво Република Македонија.[…]

ЗАПОЧНА ПРОЦЕСОТ ЗА ЗАМЕНА НА ПОСТОЈНИТЕ ДОЗВОЛИ ЗА ВРШЕЊЕ РАДИОДИФУЗНА ДЕЈНОСТ

Скопје, 5 декември 2014г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го започна процесот за замена на постојните дозволи објавувајќи ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЗАМЕНА НА ПОСТОЈНИТЕ ДОЗВОЛИ ЗА ВРШЕЊЕ РАДИОДИФУЗНА ДЕЈНОСТ СО НОВИ ДОЗВОЛИ ЗА ТЕЛЕВИЗИСКО ИЛИ РАДИО ЕМИТУВАЊЕ.[…]

Скопје, 13.07.2014г. Радиодифузерите на 14 јули да ја прилагодат програмата со чинот на жалост

По повод трагичната несреќа на четворицата пилоти од Министерството за внатрешни работи, Владата на Република Македонија, понеделник, 14 јули 2014 година го прогласи за ден на жалост.[…]

Агенцијата најостро реагира за неточните наводи изнесени во текст на порталот Либертас за злоупотреба на пари од ИПА

Денес, 25 јуни 2014 година, на насловната страна на порталот Либертас е објавен текст со наслов „Брисел проверува каде завршиле 3 милиони евра од ИПА: Под лупа Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги”. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира за неточните наводи изнесени во споменатиот текст.[…]

Агенцијата ќе биде домаќин на работилница на тема “Заштита на малолетната публика од штетни медиумски содржини”

Скопје, 10.06.2014г.  – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во рамките на проектот на Совет на Европа “ Унапредување на слободата на изразување, информирање и слобода на медиумите во југоисточна Европа” ќе биде домаќин на работилница на тема “Заштита на малолетната публика од штетни медиумски содржини”.[…]

Од 19 март да не се објавуваат резултати од испитувања на јавно мислење

Скопје, 19.03.2013г.  – Советот за радиодифузија ги потсетува радиодифузерите дека веќе започна периодот од 5 дена пред денот определен за одржување на изборите во кој, според изборната регулатива, не смеат да се објавуваат резултати од испитување на јавното мислење.[…]

Скопје, 17 март 2014г. Операторите на јавни електронски комуникациски мрежи да достават извештаи за вкупниот годишен приход во 2013 година најдоцна до 25 март 2014г.

Операторите на јавни електронски комуникациски мрежи (ОЈЕКМ) кои реемитуваат пакети со програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање кои обезбедуваат аудиовизуелни медиумски услуги по барање, се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, до 17 март 2014 година да достават извештаи за вкупниот годишен приход во 2013 година,[…]

29.05.2013г. Врачени изменетите дозволи за радиодифузна дејност

Скопје, 29 мај 2013г. Советот за радиодифузија денес ги врачи изменетите дозволи за вршење на радиодифузна дејност. Од 1 јуни 2013 година,  преку операторот на мултиплекс „Оне“, програма ќе емитуваат 5 национални ТВ станици  и 26 регионални, а преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа програма ќе емитуваат 30 ТВ станици, од кои 27 локални и 3 регионални.[…]

18.05.2013г. Соопштение за медиуми-измена на дозволата за вршење на радиодифузна дејност

Скопје, 18.05.2013г. Со влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност, се создадоа законски услови за преминот од аналогно на дигитално емитување на телевизискиот сигнал во Република Македонија.[…]



Accessibility

Accessibility