Отворени Денови на медиумска писменост 2022

Скопје, 25 октомври 2022 – Под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, почнувајќи од денес па сè до 1 ноември, во организација на Мрежата за медиумска писменост се одржуваат Деновите на медиумска писменост 2022. На овој начин, нашата земја четврта година по ред се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.[…]

Одржан третиот јавниот состанок на АВМУ за 2022 година

Скопје, 30 септември 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера одржа јавен состанок, на кој директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.[…]

Донација за радиодифузерите преку намалување на надоместокот за дозволите за 2023 година

Скопје, 29 септември 2022 – Имајќи ги предвид тековните случувања со енергетската криза и големиот раст на цената на електричната енергија кој директно се одразува врз функционирањето и економската одржливост на радиодифузерите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе обезбеди финансиска помош – донација за радиодифузерите која ќе се реализира преку намалување на нивниот надоместок за дозвола за радио и телевизиско емитување за 2023 година.[…]

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите во работна посета на АВМУ

Скопје, 14 септември 2022 – Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро, во придружба на заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џеф Голдстајн, директорот … […]

АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ НА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ЗА 2021 ГОДИНА

Скопје, 31 август 2022 – За да се утврдат состојбите на пазарот на аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија за претходната година, Агенцијата изработи Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 2021 година. При изработката на Анализата, за економското работење на радиодифузерите се користени податоците што тие самите ги доставија во Агенцијата, како и податоците од нивните завршни сметки, а за работењето на  јавниот сервис се користеа и податоци од „Финансискиот извештај за реализација на финансискиот план на ЈРП Македонска радио телевизија за 2021 година“.[…]

Донација на опрема од АВМУ за Албанскиот театар за деца и млади

Скопје, 30 август 2022 – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски и директорката на Националната установа Албански театар за деца и млади, Дијана Тоска, денеска потпишаа договор со кој АВМУ на театарот му донира компјутерска опрема.[…]

19 и 20 август се денови на изборен молк

Скопје, 18 август 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека поради изборот на членови на Советот на Општина Тетово и  градоначалници на Општина Маврово и Ростуше и Општина Центар Жупа од 19 август, започнува изборниот молк кој ќе трае до 19:00 часот на 20 август.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 12 август 2022 – Во врска со постапувањето на полициските службеници од полициска станица Неготино кон новинарката Вики Клинчарова од „Фокус” поради објавен текст, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посочува дека ваквите дејствија претставуваат притисок врз медиумите и негативно се одразуваат врз слободата на јавното информирање.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 9 август 2022 – Во врска со вчерашниот инцидент помеѓу лица вработени во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје и новинарска екипа на ТВ Клан, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека сите треба да се однесуваат пристојно и достоинствено особено при вршење на своите работни задачи.[…]



Accessibility

Accessibility