Достапност до медиумите за лица со сетилна попреченост

image_pdfimage_print

Брошура „Како да се обезбедат информации …(повеќе)

Со цел на популарен начин да биде појаснето, како медиумите во зависност од видот на попреченоста – слух, вид, физичка или умствена, да обезбедат полесна комуникација преку употреба на видеа со титлување, отворени или затворени текстуални описи, гестов говор или аудио описи, Агенцијата ја подготви брошурата „Како да се обезбедат информации за лицата со сетилна попреченост – Пристап, услуги, програми, материјали и алтернативни формати“.  

Брошурата е испечатена на македонски, албански и англиски јазик, и во неа се посочени и потребите, идеите и согледувањата на слепите и лицата со оштетен вид, како и на глувите и наглувите лица во Република Северна Македонија.

Усвоена Политика за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост

Советот на Агенцијата на 45-та седница за 2020 година одржана на 17 декември, ја усвои Политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост. Пред да биде усвоена, за Нацрт-Политиката беше отворена јавна расправа која траеше до 31 октомври.

Во документот се исцртани и посочени главните правци на делување на регулаторното тело, додека конкретните активности ќе зависат од актуелните потреби на целната група, како и од можностите на радиодифузерите и аудиовизуелните медиумски услуги по барање, и ќе се планираат на годишно ниво.

Усвоен Извештај за спроведување на Програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост (2016-2018)

На 25-та седница, одржана на 17 јуни 2019 година, Советот на Агенцијата го усвои Извештајот за спроведување на Програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост, за периодот 2016-2018 година.

Во Извештајот се опфатени сите активности, истражувања, брошури, кои регулаторното тело ги спороведе согласно двегодишната Програма, како и активности кои во перспектива би придонеле за зголемување на достапноста до програмите за лицата со попреченост.


Одржана работилница за медиумските потреби на лицата со попреченост

Скопје, 28 октомври 2022 –  Денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022 ја одржа работилницата „Неодложна пристапност“ – медиумските потреби на лицата со попреченост. Работилницата имаше за цел да им помогне на радиодифузерите и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање полесно да се справат со обврските од ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги, согласно која ќе треба да ги направат своите програми достапни за лицата со попреченост. Повеќе информации на линкот

 


Одржана онлајн конференција Медиуми и избори

Скопје, 30 септември 2021 година –  Во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022, и проектот Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија, во поддршка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше организирана онлајн конференција која се фокусираше на две многу важни теми кога станува збор за медиумите и изборите, и тоа: дезинформациите и пристапот до информации за лицата со попреченост.

На конференцијата присуствуваа претставници/чки кои активно учествуваа во дискусиите на двете панел сесии. Двете меѓународни експертки од Советот на Европа, како и локалните експерти/ки, се обратија на панел сесиите и придонесоа кон размена на знаења и искуства од земјите на ЕУ на наведените теми.


Одржана работилница за обезбедување пристап до медиумите на лицата со попреченост

 Скопје, 30.01.2020 – Во рамки на втората фаза од проектот ЈУФРЕКС „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Република Северна Македонија“, вчера се одржа работилница за радиодифузери и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање чија цел беше преку споделување искуства од европски и домашните практики, да се изработи саморегулациски документ кој ќе овозможи поголем пристап до медиумите за лицата со сетилна попреченост. Повеќе…

 


Одржан работен состанок за обезбедување пристап до програмите за лицата со попреченост

 Скопје, 13.12.2018 – Во рамки на заложбите за поттикнување активности кај радиодифузерите, за да ги направат програмите достапни за лицата со оштетен вид и слух, Агенцијата одржа работен состанок со претставници на националните телевизиски сервиси. Целта на состанокот беше да се разгледаат начините и можностите, како радиодифузерите да ги прилагодат своите програми за лицата со сетилна попреченост, и да се прикажат придобивките што телевизиите можат да ги добијат од ваквиот процес. Повеќе…

 


Истражување „Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух – понуда и потреби“

Во четвртото тромесечје од 2016 година заврши Истражувањето „Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух – понуда и потреби“, предвидено со тригодишната Програма за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост, донесена во 2015 година. Резултатите од ова истражување беа презентирани на четвртиот јавен состанок на Агенцијата, кој се одржа на 29 декември 2016 година.

За целите на ова истражување беше изготвен Прашалник за тоа колкава и каква е понудата на телевизиска програма наменета за лицата со сетилна попреченост, и истиот беше испратен до сите ТВ сервиси. Исто така, беа спроведени интервјуа со претставниците на организациите кои ги претставуваат луѓето со оштетен вид и слух и со други релевантни организации.

Презентацијата и целото истражување „Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух – понуда и потреби“ се достапни на линковите во прилог:


Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух, потреби и понуда (презентација)

Истражување „Пристап до програмите на радиодифузерите за лица со оштетен вид и слух, потреби и понуда“ (pdf.)


Процедура за комуникација со граѓани со одреден вид на попреченост

Во рамки на проектот „Достапна администрација за лица со хендикеп“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Процедура за комуникација со граѓани со одреден вид на попреченост. Процедурата е усвоена во контекст на остварување на Програмата на Агенцијата за обезбедување на достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост… повеќе

Програма за обезбедување достапност до медиумите на лица со сетилна попреченост

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги континуирано е посветена кон остранувањето на бариерите кои ги спречуваат лицата со сетилна попреченост да пристапуваат до информациите и да ги користат аудиовизуелните услуги кои се достапни за повеќето граѓани во Македонија… повеќе

 


За комуникација со граѓани со сетилна попреченост кликнете тука.



Accessibility

Accessibility