Повторни избори за градоначалник на Општина Гостивар, Општина Врапчиште, Општина Маврово и Ростуша и Општина Центар Жупа – 11.01.2026

 

Преглед на ТВ содржини кои ќе бидат прилагодени за лицата со попреченост за време на Повторните локални избори 2026

 

Ценовници за платено политичко рекламирање (ППР) 

 


ТВ содржини кои ќе бидат прилагодени за лицата со попреченост за време на Повторните локални избори 2026

Скопје, 19.12.2025 – Јавниот радиодифузен сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, во согласност со обврските од член 75 став 1 и став 4 од Изборниот законик, содржините поврзани со изборниот процес треба да ги емитуваат во формат пристапен за лицата со попреченост.

За време на изборната кампања за Повторните избори за градоначалник на општините: Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа 2026 година, овие телевизии ќе обезбедат пристапност на најмалку едно издание на вести, во периодот од 16:00 до 24:00 часот, секој ден, и на најмалку една друга емисија поврзана со изборниот процес, во периодот од 16:00 до 24:00 часот, еднаш неделно. Прегледот на содржините што ќе се емитуваат во формат достапен за лицата со попреченост во периодот од 22 декември 2025 до 9 јануари 2026 е достапен на линкот.


Упатство за радиодифузерите за Повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на Општина Врапчиште, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа, 2026 година

Скопје, 18 декември 2025 – Советот на Агенцијата на денешната 23-та седница за 2025 година, донесе Упатство за радиодифузерите за Повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на Општина Врапчиште, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа, 2026 година.

Со ова Упатство се појаснува начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање, означување на нарачателот на рекламирањето, распределба на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Програмскиот сервис наменет за емитување на активностите на Собранието на РСМ и за обезбедување пристапност на содржините за изборниот процес за Повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на Општина Врапчиште, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа, 2026 година.

 



Accessibility

Accessibility