Радиодифузери

Медиумскиот сектор во Република Северна Македонија се состои од три сегменти: (1) јавен сервис (Македонската радиотелевизија), (2) комерцијални телевизии и радија и (3) непрофитни радија.

Радио или телевизиско емитување може да се врши само врз основа на дозвола, којашто ја доделува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Периодот на важност на дозволите за телевизиско или радио емитување е девет години со можност за продолжување, исто, за 9 години.

Во моментов има вкупно 95 радиодифузери, од кои 38 телевизии и 57 радија. Од телевизиите, 11 емитуваат програма на државно ниво (5 преку мултиплекс, 4 преку кабелски оператори и 2 преку сателит); 14 на регионално ниво (5 преку мултиплекс и 9 преку кабелски оператори) и 13 локални телевизии (преку кабелски оператори).

Од радијата, 4 се на државно ниво, 15 на регионално (од кои едно непрофитно) и 38 на локално ниво (од кои 3 се непрофитни).

Агенцијата врши надзор врз работењето на радиодифузерите од повеќе аспекти: заштита на малолетната публика, рекламирање, спонзорство, пласирање производи…

За секој извршен надзор се изготвува извештај. Ако е констатирано прекршување, на радиодифузерот му се изрекува мерка јавна – опомена, односно, доколку се продолжува со вршење на истата повреда на законот, во текот на годината, се покренува прекршочна постапка пред надлежен суд.

      ТЕЛЕВИЗИИ

      РАДИЈА

 

 

 

 

 

 

 

 



Accessibility

Accessibility