Стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност

Стратешки план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 2024-2028


Извештај за реализација на стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година


Реализација на Стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелна дејност за периодот од 2019 до 2023 година

На 23 јуни 2023 година се одржа вториот јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на кој меѓу останатите активности се дискутираше и за реализацијата на активностите утврдени во Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година.

Во врска со реализацијата на стратегијата беше констатирано дека се исполнети речиси сите активности предвидени во неа. Агенцијата изработи голем број на студии, анализи и други релевантни документи, а одржа и голем број работилници, дебати и обуки во врска со разни аспекти од работењето на медиумите.

Презентацијата со реализираните активности е достапна на линкот:

Реализација на Стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелна дејност за периодот од 2019 до 2023 година


Усвоена Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 годинa

Скопје, 14 март 2019 година – Советот на Агенцијата на денешната седница ја усвои Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година.

Агенцијата ја изработи оваа Стратегија за да ги одреди насоките на своето дејствување во периодот од 2019 до 2023 година, во правец на подобрување на голем број од аспектите во областа на медиумите во овој петгодишен период.

Со реализација на активностите утврдени во Стратегијата, меѓу останатото се очекува да се постигне подобрување на функционирањето на системите на саморегулација и корегулација, плурализам на медиумската сопственост и нејзина целосна транспарентност, заштита на човековите права и слободи во медиумските содржини, обезбедување регулаторна рамка која овозможува развој на медиумите и понатамошен развој на медиумската писменост на медиумите.


Одржан состанок за втората работната верзија на Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година

Скопје, 21 февруари 2019г. – Денес во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се одржа финална консултација во врска со Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година. 

Присутните на состанокот дискутираа за втората верзија на Стратегијата, којашто Агенцијата ја изработи за да ги одреди насоките на своето дејствување во периодот од 2019 до 2023 година, во правец на подобрување на голем број од аспектите во областа на медиумите.


Презентирана работната верзија на Стратегијата на регулаторното тело за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за период 2019 – 2023г.

Скопје, 25.12.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа состанок, на кој ја презентираше работната верзија на Стратегијата на регулаторното тело за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година.  Во Стратегија се утврдени насоките за дејствување на Агенцијата и активностите што ќе бидат преземени во следните пет години, а кои ќе придонесат да бидат подобрени голем број од аспектите во областа на медиумите.

Сите заинтересирани страни свои мислења и предлози во однос на работната верзија на Стратегијата, можат да достават на contact@avmu.mk, најдоцна до 25.01.2019 година.


Отпочна подготовката на Стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелната дејност 2018-2022 година

 

Скопје, 15.05.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го означи официјалниот почеток на подготовка на Стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2018 до 2022 година.

Целта на Стратегијата е да се мапираат тековните состојби во коишто се наоѓаат аудио и аудиовизуелната дејност да се утврдат цели и насоки за развој на овие дејности во следните пет години, како и конкретни активности за остварување на овие цели. Стратегијата е предвидена во Програмата за работа на Агенцијата за 2017 година и истата се планира да биде резултат на широк консултациски процес со сите чинители во дејноста со цел истата да ги опфати и соодветно адресира сите клучни прашања на засегнатите страни во медиумската дејност.

Во Стратегијата ќе бидат определени активности со коишто Агенцијата јасно ќе ја позиционира својата улога како регулатор во поттикнување на развојот на дејноста, а соодветни предлози и проактивни активности преку кои голем број од аспектите во областа на медиумите би биле битно подобрени, се очекува да дадат и главните чинители во индустријата и субјектите коишто подлежат на регулација.

Придонес за Стратегијата од аспект на искуства и резултати од работењето, Агенцијата очекува и од институциите, преку своите надлежности, и граѓанските организации, преку бројните проекти од областа на медиумите кадешто Агенцијата има дадено целосна поддршка.

Агенцијата смета дека Стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелната дејност 2018-2022 година, треба да се насочи кон шест области прикажани на следниот линк, а предлози за Стратегијата, до крајот на мај 2017 година, можат да се достават на е-адресата strategija2022@avmu.mk


Предлог – Стратегија за развој на радиодифузната дејност во Р.М. (2013-2017) со акциски план

Стратегија за развој на радиодифузната дејност во Р.М. (2007-2012)



Accessibility

Accessibility