Скопје, 25 август 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовни надзори врз регионалната ТВ Стар од Штип. Предмет на надзор беа обврските за заштита на малолетните лица од програми што би можеле да им наштетат на нивниот физички, психички или морален развој, заштита на личните податоци на малолетните лица, обезбедување квизови или други облици на наградно учество, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање и емитување игри на среќа, објава на импресум, информации кои треба да се направат достапни до корисниците и идентификација на радиодифузерот.
При надзорите на програмата емитувана на 6 август 2026 година се констатирани повеќе прекршувања. Во две изданија од забавно-документарната емисија „1001 оброк“, преку посебно промотивно препорачување директно се поттикнуваше купување производи од трговската марка SC Jonson, еден од спонзорите на емисијата. Во забавно-информативната емисија – „Bidi svoj“ се содржани прикриени аудиовизуелни комерцијални комуникации за алкохолниот пијалак – „Smidgin-Вторник“ и во три емисии од туѓо производство („ИмаТ НемаТ“, „Македонски народни приказни“ и „Bidi svoj“) не беа објавени податоците за импресумот.
Извештаите од извршените надзори се достапни на линковите:
ТВ Стар (прекршување на член 54 став 1 од ЗААВМУ) – 24.08.2026
ТВ Стар (прекршување на член 53 ставови 2 и 7 од ЗААВМУ) – 24.08.2026
ТВ Стар (прекршување на член 14 од ЗМ) – 24.08.2026