Скопје, 11 ноември 2026г – Редовни административни надзори за исполнувањето на обврските од член 62 став 6 од ЗААВМУ, член 9 и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување се извршени врз радијата Ред ФМ, Свети Николе и телевизиите Г-ТВ и Кобра.
Со надзорите е констатирано дека радиодифузерите ги исполнуваат минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.
Извештаите од спроведените надзори се достапни на линковите:
РА Ред ФМ – (член 62 став 6 од ЗААВМУ и член 9 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 06.11.2026
РА Свети Николе – (член 62 став 6 од ЗААВМУ и член 9 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 06.11.2026
ТВ Г-ТВ Телевизија – (член 62 став 6 од ЗААВМУ и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 06.11.2026
ТВ Кобра – (член 62 став 6 од ЗААВМУ и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 06.11.2026