Печатени медиуми
Радиодифузери
Изречени мерки - ОЈЕКМ
Достапност до медиумите за лица со сетилна попреченост
Родот и медиумите
Изборен Кодекс
Медиумска Писменост
Стратегија за развој
Преставки
Даватели на АВМУ
Информации од јавен карактер
Печатени медиуми
Радиодифузери
Изречени мерки – ОЈЕКМ
Достапност до медиумите за лица со сетилна попреченост
Родот и медиумите
Изборен Кодекс
Медиумска Писменост
Стратегија за развој
Преставки
Даватели на АВМУ
Информации од јавен карактер
Отворена јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата и Нацрт-годишните планови за вршење административен надзор и програмски надзор за 2027 година
Скопје, 18 ноември 2026 – На 39-та седница одржана на 18 ноември 2026 година, Советот на Агенцијата ги усвои Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2027 годинa (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги), Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор во 2027 година и Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор во 2027 година.
Редовни административни надзори врз 7 радиодифузери
Скопје, 17 ноември 2026г – За исполнувањето на обврските од членот 62 став 6 од ЗААВМУ, член 9 и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовени административни надзори врз радиата Јон, 99, 106, Клуб Фм, Сити и Скај и Телевизија Едо
Изречени мерки јавна опомена на ТВ Гурра
Скопје, 16 ноември 2026 – Советот на Агенцијата на 38-та седница одржана на 12 ноември, врз основа на констатации од редовен програмски и административен надзор изрече две мерки јавна опомена на ТВ Гурра
Извршени контролни надзори врз ТВ Стар
Скопје, 13 ноември 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши два контролни програмски надзори и еден административен надзор врз ТВ Стар од Штип, за да утврди дали радиодифузерот постапил по изречените мерки јавна опомена, упатени заради непочитување на обврски од ЗААВМУ и Законот за медиуми
Вонреден програмски надзор врз ТВ Алфа реализиран по претставки од физички лица
Скопје, 13 ноември 2026 – По добиени претставки од три физички лица, Агенцијата спроведе вонреден програмски надзор врз актуелно-информативната емисија „Под лупа“ емитувана на 2 ноември 2026 година. Предмет на надзор беше членот 48 став 2 од ЗААВМУ кој се однесува на посебни забрани
Редовни административни надзори врз РА Комета 2000 и ТВ Стар
Скопје, 13 ноември 2026г – Редовни административни надзори за исполнувањето на обврските од членот 62 став 6 од ЗААВМУ, член 21 и член 9 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување се извршени врз радио Комета 2000 и Телевизија Стар
Мапа на сајтот
+ За Агенцијата
+ Седници
+ Дозволи
Конкурс за дозволи
Без конкурс
Одземени/Престанок на дозволи