Извршен контролен административен надзор врз издавачот Национал

Скопје, 8 јуни 2026г. – Врз Друштвото за медиуми, трговија и услуги Н&М МЕДИА ГРУПА, издавач на онлајн медиумот-интернет порталот „Национал“ (www.nacionalno.mk), извршен е контролен административен надзор за да утврди дали е постапено по претходно изречената мерка јавна опомена, изречена заради неисполнување на обврската за објавување импресум

Седница бр.22 – 10.6.2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 22. седница ќе ја одржи на 10.6.2026 година (среда), со почеток во 11:00…

Редовни програмски надзори врз операторот Спајдер

Скопје, 8 јуни 2026 – Агенцијата изврши редовни програмски надзори врз кабелскиот оператор Спајдер од Гевгелија, за обврската во програмскиот пакет задолжително и бесплатно да ги обезбеди програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис и за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитува

Извршен редовен административен надзор врз ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, ТВ Канал 5, ТВ Сител и ТВ Телма

Скопје, 03 јуни 2026  Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз пет национални телевизии ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, ТВ Канал 5,  ТВ Сител  и ТВ Телма, за обврските за објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни до корисниците и обврската за објава на идентификација на радиодифузерот

Редовен програмски надзор врз ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ Алфа и ТВ Алсат-М

Скопје, 03 јуни 2026 –  За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 12 часа програма на телевизијата и дневно емитување најмалку 30% изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ Алфа и ТВ Алсат-М

Редовен програмски надзор врз давателот на АВМУ по барање Македонски Телеком

Скопје, 28 мај 2026  За обврските коишто се однесуваат на пренесување на кинематографски дела и заштита на малолетните лица, извршен е редовен програмски надзор врз давателот на АВМУ по барање Македонски Телеком

Мапа на сајтот



Accessibility

Accessibility