На 26 март Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржa првиот јавен состанок за 2025 година.

Повеќе информации за настанот во банерот „Јавен состанок“

Редовен административен надзор врз 19 издавачи на печатени медиуми

Скопје, 23 април 202 – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз 19 издавачи на печатени медиуми со цел да констатира дали истите ги објавиле податоците за сопственичката структура, податоците за називот и седиштето на правните лица или името и местото на престојување на физичките лица кои се сопственици на акции или на удел кај издавачот на медиумот, со податоци за процентот на акциите или уделот кој го стекнале и датумот на стекнување, во најмалку еден дневен весник, еднаш годишно, најдоцна до 31 март во тековната година и дали доставиле исечок од објавата на надлежното регулаторно тело во рок од 15 дена од денот на објавувањето.

Извршени контролни програмски надзори врз операторот Мултимедија Нетворк Л

Скопје, 22 април 202– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролни програмски надзори врз операторот Мултимедија Нетворк Л од Гостивар, за да се утврди дали операторот постапил по мерките јавна опомена упатени заради различни законски прекршувања.

Редовен програмски надзор врз ТВ Сител, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Телма

Скопје, 17 април 2025 –  За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 12 часа програма на телевизијата и дневно емитување најмалку 30% изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ Сител, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Телма

Извршен вонреден административен надзор врз ТВ Телма

Скопје, 16 април 2025 –  Вонреден административен надзор за исполнување на обврската за обезбедување на кадровски услови од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување е извршен врз ТВ Телма.

Извршен редовен административен надзор врз ТВ Алсат-М, ТВ Телма, ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Сител

Скопје, 15 април 2025 – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз пет национални телевизии ТВ Алсат-М, ТВ Телма, ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Сител, за обврските за објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни до корисниците и обврската за објава на идентификација на радиодифузерот

Мапа на сајтот



Accessibility

Accessibility