image_pdfimage_print

На 28 март Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  го одржа првиот јавен состанок за 2022 година.

Повеќе информации за настанот во банерот „Јавен состанок“

Контролен административен надзор врз ТВ Гурра

image_pdfimage_print

Скопје, 20 мај 2022г. –  Агенцијата изврши контролен административен надзор врз ТВ Гурра за да утврди дали радиодифузерот постапил по Решението за преземање меркa јавна опомена, упатена заради необезбедување на информациите кои треба да им се достапни на корисисниците

Редовен административен надзор врз радијата Јон, Метрополис, Антена 5 и Канал 77

image_pdfimage_print

Скопје, 20 мај 2022г. – За законските обврски коишто се однесуваат на импресум, информации достапни до корисниците, идентификација на радиодифузер, правила за емитување аудио комерцијални комуникации, обврски при обезбедување квизови или други облици на наградно учествување, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање и емитување игри на среќа редовен административен надзор е извршен врз радијата Јон, Метрополис, Антена 5 и Канал 77

Контролен програмски надзор врз ТВ Гурра

image_pdfimage_print

Скопје, 20 мај 2022г. – Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Гурра за да утврди дали радиодифузерот постапил по Решението за преземање меркa јавна опомена, упатенo заради непочитување на обврската за дневно емитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела

Редовен програмски надзор врз радијата Јон, Метрополис, Антена 5 и Канал 77

image_pdfimage_print

Скопје, 20 мај 2022г. – За обврските коишто се однесуваат на употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 18 часа програма на радијата и емитување на доброволно пријавениот процент македонска музика, редовен програмски надзор е извршен врз радијата Јон, Метрополис, Антена 5 и Канал 77

Редовен програмски надзор врз операторот Антена АС КТВ

image_pdfimage_print

Скопје, 20 мај 2022г. – За обврските коишто се однесуваат на регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат операторите, извршен е редовен програмски надзор врз операторот Антена АС КТВ од Кичево

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

image_pdfimage_print

Скопје, 18 мај 2022  – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува повикувањето на  новинарката на „Сакам да кажам“ на службен полициски разговор поради објавен текст и истакнува дека ваквите дејствија ја загрозуваат слободата на медиумите

Мапа на сајтот



Accessibility

Accessibility