image_pdfimage_print

На 29 септември 2022 година (четврток) со почеток во 12 часот, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го одржи третиот јавен состанок за 2022 година.

Повеќе информации за настанот во банерот „ Јавен состанок“

Изречени мерки јавна опомена за ТВ 21 и ТВ Шења

image_pdfimage_print

Скопје, 19 септември 2022 година – Советот на Агенцијата на 35-та седница, одржана на 16 септември 2022 година, изрече четири мерки јавна опомена, од кои три на ТВ 21 и една на ТВ Шења. Мерките на ТВ 21 и беа изречени заради неисполнување на обврската за заштита на малолетните лица од програми што би можеле да наштетат на нивниот физички, психички или морален развој, заради емитување прикриена аудиовизуелна комерцијална комуникација и заради не објавување на податоците за импресумот што е должен да ги емитува на соодветно место за секоја посебна содржина од програмскиот сервис.

Редовен програмски надзор врз шест оператори на ОЈЕКМ

image_pdfimage_print

Скопје, 15 септември 2022 –  За обврската на операторите на ЈЕКМ во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, како и за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат, извршен е редовен програмски надзор врз операторите Бив Пирамида, Кабел-Нет, Мултимедија Нетворк Л, Сигнал-Нет, Теленет Ком и Винсат Кабел

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите во работна посета на АВМУ

image_pdfimage_print

Скопје, 14 септември 2022 – Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро, во придружба на заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џеф Голдстајн, директорот на Канцеларијата на претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Јирген Хајсел и помошник-офицерката за истражувања Шејла Јусуфовиќ, вчера оствари работна средба со претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ ДА НЕ СЕ КОРИСТАТ ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ НА ВЛАСТА ВО МЕДИУМИТЕ

image_pdfimage_print

Скопје, 12 септември 2022г. – По информациите дека Град Скопје склучил договор вреден околу 5 милиони денари, за промоција на кампањи за посебни активности на Град Скопје преку маркетинг агенција, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека користењето буџетски средства за ваков вид активности на локалната власт е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Изречени мерки јавна опомена за ТВ Шутел и ТВ Сонце

image_pdfimage_print

Скопје, 07 септември 2022 година – Советот на Агенцијата на 34-та седница, одржана на 06 септември 2022 година  изрече две мерки за јавна опомена, од кои една за ТВ Шутел за необјавување на сопствената програма податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година, додека втората за ТВ Сонце за емитување изворно на англиски јазик без да биде обезбеден превод на македонски јазик

Мапа на сајтот



Accessibility

Accessibility