На 26 март Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржa првиот јавен состанок за 2025 година.

Повеќе информации за настанот во банерот „Јавен состанок“

Одржан првиот јавен состанок на АВМУ за 2025 година

Скопје, 26 март 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во првиот квартал

Редовен програмски надзор врз ТВ 21-М, Наша ТВ, ТВ Клан Мацедониа, ТВ Шења, ТВ 24 Вести и ТВ Сонце

Скопје, 25 март 2025г –  За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 12 часа програма на телевизијата и дневно емитување најмалку 30% изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ 21-М, Наша ТВ, ТВ Клан Мацедониа, ТВ Шења, ТВ 24 Вести и ТВ Сонце

Редовен програмски надзор врз операторите Вива Нет, Кабел-Л-Нет и Македонски Телеком

Скопје, 25 март 2025г –  Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз операторите Вива Нет, Кабел-Л-Нет и Македонски Телеком за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, како и за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 21 март 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите

Амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер во работна посета на АВМУ

Скопје, 21 март 2025 – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги      д-р Зоран Трајчевски вчера, во просториите на Агенцијата,  оствари работна средба со делегација на амбасадата на Република Франција, предводена од амбасадорот Кристоф Ле Риголер

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 20 март 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш ги повикува медиумите да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани.

Мапа на сајтот



Accessibility

Accessibility