Изречени мерки/радиодифузери

Подолу наведените извештаи се од спроведени надзори во последниов тековен месец. Сите досегашни извештаи се наоѓаат во полето Мерки / Надзори на горното мени на … […]

Достапност до медиумите за лица со сетилна попреченост

Информација за спроведување на обврските на медиумските услуги за обезбедување пристапност за лицата со попреченост за 2025 година
.
Скопје, 22 јули 2025 – Според член 26 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ), давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (радио, ТВ и видео по барање) се должни континуирано и прогресивно да спроведуваат соодветни и пропорционални мерки за нивните услуги да бидат попристапни за лицата со попреченост. За спроведувањето на обврските на медиумските услуги за обезбедување пристапност за лицата со попреченост, Агенцијата изврши вонреден програмски надзор врз ТВ програмските сервиси на државно ниво (МРТ1, МРТ2, МРТ5, ТВ Алсат-МТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21-М, ТВ Сонце, ТВ Шења, ТВ 24 Вести и Наша ТВ).
Информацијата за спроведување на обврските на медиумските услуги за обезбедување пристапност за лицата со попреченост за 2025 година е достапна на линкот

Преглед на пристапни програми за лицата со сетилна попреченост во 2025

Скопје, 13 март 2025г. – Според Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, давателите на медиумски услуги се должни да преземаат континуирани и прогресивни чекори за обезбедување пристапност на своите услуги за лицата со попреченост. За да се операционализира оваа обврска, беше изработен Правилник за пристапност до медиумските услуги, усвоен од Советот на Агенцијата на 13 јуни 2024 година, врз основа на кој засегнатите медиумски услуги доставија годишни акциски планови за 2025 година.

За сите прашања поврзани со пристапноста на медиумските услуги, Агенцијата воспостави електронска адреса dostapnost@avmu.mk. Оваа контактна точка служи за добивање информации, поднесување претставки, доставување акциски планови и извештаи, како и за размена на релевантни информации.

Прегледот на програмите кои давателите на медиумски услуги, во согласност со своите акциски планови, ќе ги направат пристапни за лицата со сетилна попреченост во текот на 2025 година може да преземе на следниот линк


Достава на Годишен акциски план за пристапност за 2025 година

Скопје, 13 декември 2024 – Согласно Правилникот за пристапност до медиумските услуги кој стапи на сила во јуни оваа година, телевизиите кои емитуваат програма на национално ниво и услугите по барање се должни континуирано и прогресивно да ги прават програмите пристапни за лицата со попреченост.

Согласно Правилникот, националните телевизии и услугите по барање имаат обврска на посебен образец, најдоцна до 31 декември 2024 година, на посебниот меил dostapnost@avmu.mk да достават до Агенцијата Годишен акциски план за пристапност за 2025 година.

Образецот за Годишниот акциски план за пристапност до услугите е достапен на линкот


Правилник за пристапност до медиумските услуги

На 26-та седница на Советот на АВМУ одржана на 12.06.2024 година, донесен е Правилник за пристапност до медиумските услуги.

Потребата за овој акт произлегува од измените и дополнувањата на ЗААВМУ од јули 2023 година, со кои обезбедувањето програми пристапни до лицата со попреченост стана обврска за радијата, телевизиите и медиумските услуги видео по барање, кои се должни да ја спроведуваат континуирано и прогресивно.

Документот меѓу другото пропишува какви се обврските за давателите на аудиовизуелни медиумски услуги во зависност од нивните ресурси и досег на публиката, на кој начин можат да ги направат пристапни програмите, каталозите по барање односно понудата со одложено гледање, како и електронскиот програмски водич и др.

Правилникот е достапен на следниот линк.


ТВ содржини кои ќе бидат прилагодени за лицата со попреченост за време на Изборите 2024

Скопје, 3 април 2024 – Согласно обврските од Изборниот законик, Јавниот радиодифузен сервис, односно Првиот и Вториот програмски сервис на Македонска телевизија и приватните телевизиски програмски сервиси на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, имаат обврска при известувањето за изборите, едно издание на вестите и една содржина емитувана во периодот од 16.00 – 24.00 часот да ја прилагодат за лицата со сетилна попреченост.

Содржина во пристапен формат за лицата со попреченост ќе емитуваат МРТ 1, МРТ 2, ТВ Алфа, ТВ Алсат М, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ Компани 21-М, ТВ Шења, ТВ Клан Мацедониа, ТВ Сонце, ТВ 24 Вести и Наша ТВ.

Иако нема обврска од Изборниот законик, програма пристапна за лицата со сетилна попреченост ќе обезбеди и регионалната ТВ М од Охрид.

Листата со пристапни содржини за секој медиум одделно е достапна на линкот.


Одржана јавна презентација на Нацрт – Правилникот за пристапност до медиумските услуги

 Скопје, 14 март 2024 – Вчера во просториите на Europe House во Скопје, се одржа јавна презентација на Нацрт – Правилникот за пристапност до медиумските услуги, подготвен во рамки на проектот „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“.

Во воведното обраќање директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски посочи дека изработката на актoт произлегува од измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од јули 2023 година, со кои се овозможува задолжителна пристапност до медиумските услуги за лицата со попреченост. „Лицата со визуелна, слушна, моторна или когнитивна попреченост, старите лица, повредените лица, секојдневно наидуваат на препреки, не само во физичкиот, туку и во дигиталниот свет, и во користењето на медиумските содржини. Очекуваме овој Правилник да придонесе за надминување на дел од препреките, а на оваа тема и понатаму ќе останеме активно посветени“ – нагласи Трајчевски. Повеќе

Брошура „Како да се обезбедат информации …(повеќе)

Со цел на популарен начин да биде појаснето, како медиумите во зависност од видот на попреченоста – слух, вид, физичка или умствена, да обезбедат полесна комуникација преку употреба на видеа со титлување, отворени или затворени текстуални описи, гестов говор или аудио описи, Агенцијата ја подготви брошурата „Како да се обезбедат информации за лицата со сетилна попреченост – Пристап, услуги, програми, материјали и алтернативни формати“.  

Брошурата е испечатена на македонски, албански и англиски јазик, и во неа се посочени и потребите, идеите и согледувањата на слепите и лицата со оштетен вид, како и на глувите и наглувите лица во Република Македонија. Брошурата е достапна на следниот линк 

 

Политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост 

Советот на Агенцијата на 45-та седница одржана на 17 декември 2020 година, усвои Политика за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост, за која претходно имаше отворено јавна расправа.

Во документот се исцртуваат и посочуваат главните правци на делување на регулаторното тело, додека конкретните активности ќе зависат од актуелните потреби на целната група т.е. визуелно и слуховно попречените лица, но и другите лица со инвалидност, како и од можностите на радиодифузерите и давателите на аудиовизуелните услуги по барање, и ќе се планираат на годишно ниво.

Усвоен Извештај за спроведување на Програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост (2016-2018)

На 25-та седница, одржана на 17 јуни 2019 година, Советот на Агенцијата го усвои Извештајот за спроведување на Програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост, за периодот 2016-2018 година.

Во Извештајот се опфатени сите активности, истражувања, брошури, кои регулаторното тело ги спороведе согласно двегодишната Програма, како и активности кои во перспектива би придонеле за зголемување на достапноста до програмите за лицата со попреченост.

[…]

Одговор и исправка

Со цел да се појасни начинот и условите за остварување на правото на одговор и исправка од страна на физичките или правните лица, коишто сметаат дека … […]



Accessibility

Accessibility