Објавен Вториот извештај за медиумското покривање на Референдумот 2018

Скопје, 4.10.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го објави Вториот извештај од мониторингот на медиумското претставување на Референдумот 2018, којшто се однесува на периодот од 19 до 27 септември 2018 година.[…]

КОНСТАТИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ЕМИТУВАЊЕ ПЛАТЕНА ЈАВНА ПРОПАГАНДА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

Скопје, 03.10.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со надзорот на медиумското покривање за време на референдумот во периодот од 21 до 27 септември констатираше дека седум радиодифузери го прекршиле Упатството за медиумско претставување за време на референдум.[…]

РАДИОДИФУЗЕРИТЕ НЕ ГО ПРЕКРШИЈА МОЛКОТ

Скопје, 01.10.2018 година – По проверката на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на референдумскиот молк, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги информира дека ниту еден радиодифузер, кој беше предмет на надзор, не го прекрши молкот[…]

Констатирано прекршување на правилата за објава на анкети кај 1 ТВ

Скопје, 27.09.2018г. – Со надзорот над медиумското претставување за време на референдумот врз програмскиот сервис на 1 ТВ, емитуван на 25 септември 2018 година, Агенцијата констатираше прекршување на правилата за објавување резултати од испитувања на јавното мислење.[…]

Усвоена Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборни процеси

Скопје, 26.09.2018г. – На денешната 39-та седница за 2018 година, Советот на Агенцијата ја донесе Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси[…]

Агенцијата го одржа третиот јавен состанок за 2018 година

Скопје, 26.09.2018г. – Денес, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа третиот јавен состанок за 2018 година. Директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски во воведното обраќање ги презентираше спроведените активностите за третиот квартал, согласно Годишната програма за работа на Агенцијата […]

Објавен Првиот извештај од монторингот на медиумското претставување на Референдумот 2018

Скопје, 25.09.2018 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го објави Првиот извештај од мониторингот на медиумското претставување на Референдумот 2018, којшто се однесува на периодот од 10 до 18 септември 2018 година. Во него се прикажани наодите за начинот на кој медиумите известуваа за референдумските теми во дневно-информативните емисии, во информативните програми, во интервјуата и дебатите. […]

ДВЕ ПРЕКРШОЧНИ ПОСТАПКИ ЗА РЕФЕРЕНДУМСКО РЕКЛАМИРАЊЕ

Скопје, 24.09.2018 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатираше дека по јавното укажување од 14 септември, два радиодифузери од оние кои се предмет на надзор за начинот на покривање на референдумот не го усогласија емитувањето на платената јавна пропаганда со Упатството за медиумско претставување за време на референдум.[…]

АНКЕТИ ЗАКЛУЧНО СО 24-ти, А РЕФЕРЕНДУМСКИ МОЛК ОД 28-ми СЕПТЕМВРИ

Скопје, 21.09.2018 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека резултати од испитувања на јавното мислење во врска со референдумот може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето. Оттаму, резултати од анкети на јавното мислење може да се објавуваат заклучно со 24-ти септември 2018 година (понеделник)[…]



Accessibility

Accessibility