1

26.03.2010г. СРД го усвои извештајот за работа за 2009 година…

СКОПЈЕ, 26 март 2010 – Советот за радиодифузија на денешната седница го усвои извештајот за работа за 2009 година. Акцентот е ставен врз неколкуте предизвици што ги имаше СРД во текот на минатата година, како што беа локалните и претседателските избори и обезбедувањето непречен развој на нови аудио-визуелни медиумски сервиси во услови на правни празнини. Општ заклочок е дека СРД,

како независно регулаторно тело во Р. Македонија, успеа да го подогне степенот на почитување на Законот за радиодифузната дејност и подзаконските акти преку интензивни мониторинзи на радиодифузерите и операторите на јавните комуникациски мрежи, а вршеше и континуирани обуки на вработените во електронските медиуми.

 

Еден од најзначајните моменти беше и примањето на СРД во членство на Медитеранската платформа на регулаторни тела под уставното име на земјата.

 

Целиот извештај за работа на СРД како и финансискиот план за оваа година се достапни на следните линкови:

 

Извештај за работата на СРД за 2009 (.pdf)

Финансиски план на СРД за 2010 (.pdf)