24.05.2011г. Прес конференција на СРД за подобрување на медиумската регулација во балканскиот регион преку формирање на Балканска мрежа на регулаторни тела за медиуми..

ОХРИД, 24 мај 2011 – Регулаторните тела од балканските земји, по иницијатива на СРД ќе ја формираат Балканската мрежа на регулаторни тела (БНРА) за време на состанокот што ќе се одржи утре, 25 мај во Охрид. Целта е подигнување на ефктивноста на регулацијата на медиумите во балканските земји и хармонизирање на регулаторниот пристап кон балканските медиумски проекти како и унапредувањето на соработката меѓу регулаторните тела за медиуми во регионот.

По тој повод, СРД  ќе организира прес конференција  на која се поканети  сите медиуми, утре, 25 мај,  во  хотелот Инекс Горица во Охрид, со почеток во 13:00 часот.
Овој настан ќе го означи почетокот на состанокот на Европската платформа за регулаторни тела, чијшто домаќин е СРД, а кој ќе се одржи од 25 до 27 мај во Хотелот Инекс Горица во Охрид, а на кој ќе учествуваат над 150 претставници од регулаторните тела за медиуми од цела Европа и задкавкаските земји.


Accessibility

Accessibility