Експерти од регулаторното тело за медиуми на Франција во работна посета на Агенцијата…

image_pdfimage_print

Za_veb_04.12.2014Скопје, 5 декември 2014г. –  На 4 и 5 декември, претставници на регулаторното тело за медиуми од Франција (CSA), беа во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

Француската делегација ја сочинуваа: г-н Жил Муро – заменик директор на секторот за меѓународна соработка, г-н Тома Дотие – заменик директор на програмски сектор и г-н Бертран Мије – Советник за интеграција во ЕУ на македонската влада.

Во рамките на посетата, беа претставени составот, надлежностите и делокругот на работа на двете регулаторни тела, беа разменети  искуства во поглед на обезбедувањето политички плурализам за време на избори и надвор од изборна кампања; ограничувањата на прием и реемитување на аудиовизуелни медиумски сервиси од други земји – линеарни и нелинеарни (регулаторна рамка, начинот на кој се одредува дали се исполнети условите за ограничување и понатамошно постапување); надзорот на обврската на радиодифузерите за емитување на европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти; законската рамка и искуството за унапредување на производство и пристапот до европските аудиовизуелни дела од страна на давателите на аудиовизуелни медиумски сервиси на барање и спроведување на одредбите од АВМУ директивата за пласирање на производи (исклучоци од одредбата за пласирање на производи, обележување на програмите во кои се пласираат производи, програми за деца и пласирање на производи).

Директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски и експертите од CSA ја поздравија взаемната соработка и можностите за нејзино продолжување.



Accessibility

Accessibility