25.11.2009г. СРД и српската Регулаторна радиодифузна агенција ќе ја интензивираат соработката

RRA_SRDСкопје, 25 ноември 2009 – Интензивирањето на соработката во областа на заштитата на авторското право, дигитализацијата на телевизијата и размената на најдобрите практики од областа на регулацијата на електронските медиуми и формирањето на заедничка балканска платформа на регулаторни тела беа во фокусот на разговорите што ги водеа делегацијата од Регулаторната радиодифузна агенција (РРА) на Република Србија,[…]

21.11.2009г. СРД на сите телевизии во Македонија им го честита Светскиот ден на телевизијата

СКОПЈЕ, 21 ноември 2009 – Членовите на Советот за радиодифузија (СРД) на сите телевизиски куќи им го честитаат денешниот Светски ден на телевизијата.

Значењето на телевизијата кај нас е големо, зашто во Република Македонија – според истражувањата на СРД – граѓаните најмногу се информираат од телевизиските програми.[…]

20.11.2009г. СРД и невладината Цивил Медиа потпишаа меморандум за соработка во сферата на развојот на медиумите

SRD_Civil_MediaСКОПЈЕ, 20 ноември, 2009 – Советот за радиодифузија на Република Македонија и ЦИВИЛ МЕДИА вчера потпишаа Меморандум за соработка со кој се официјализира соработката во доменот на јакнење на јавната свест, едукација и развој на електронските медиуми, авторските права и слободата на говорот. […]

19.11.2009г. СРД го осуди нападот врз новинарот од магазинот „Крема“

Скопје, 19 ноември 2009 – Членовите на Советот за радиодифузија (СРД) упатија најостра осуда на последниот напад врз претставник од медиумите.

„Слободата на изразување е признаено како човеково право во Членот 19 од Универзалната декларација за човековите права и е одлика на демократско општество; секој облик на загрозување на слободата на говор и слободата на медиумите води кон тоталитаризам.“[…]

18.11.2009г. СРД и ДЗЛП ќе ја унапредат заштитата на личните податоци при медиумското известување

Скопје, 18 ноември 2009 – Координиран пристап кон намалување на случаите од преобемна обработка на личните податоци во известувањата на електронските медиуми се предвидува во меморандумот за соработка, потпишан меѓу Советот за радиодифузија (СРД) и Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП).[…]

17.11.2009г. Сателитските телевизии мораат да го кодираат сигналот

Скопје, 17 ноември 2009 – Македонските сателитски телевизии, кои сè уште го немаат кодирано сигналот да го направат тоа заради заштита на авторските и сродните права – ова е заклучокот што едногласно го усвоија членовите на Советот за радиодифузија (СРД).[…]

02.11.2009г. СРД ги повика операторите на телекомуникациски мрежи да ги почитуваат авторските права

Најновиот мониторинг на кабелските оператори забележа подобрување на состојбата со почитувањето на авторските права. Скопје, 2 ноември, 2009 – Советот за радиодифузија на Република Македонија … […]



Accessibility

Accessibility