Извештаи од вонредни надзори по претставки од СДСМ

Скопје, 15.04.2016 – Врз основа на шест претставки од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Агенцијата спроведе повеќе вонредни надзори врз програмите на националните телевизии ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Нова и ТВ Сител. Претставките се однесуваа на почитувањето на начелата од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во неколку случаи надзорите покажаа дека постои непочитување на законот. На телевизиите им се упатени укажувања, а детали од надзорите има во извештаите.[…]

Агенцијата започнува со мониторинг на медиумското известување за Предвремените парламентарни избори

Скопје, 15.04.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на медиумското известување за Предвремените парламентарни избори.[…]

ОБВРСКА ЗА УСВОЈУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ ЦЕНОВНИЦИ ЗА ППР

Скопје, 15.04.2016 година – Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека од денес тече рокот од пет дена во кој треба да усвојат и да достават ценовници за платено политичко рекламирање.[…]

ДА СЕ ОВОЗМОЖИ НОВИНАРИТЕ НЕПРЕЧЕНО ДА ИЗВЕСТУВААТ

Скопје, 14.04.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува насилството врз новинарите за време на вчерашните протести и смета дека ваквите чинови се директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.[…]

АКРЕДИТАЦИЈА НА НОВИНАРИ ЗА ОЛИМПИСКИТЕ И ПАРАОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО БРАЗИЛ 2016г.

Скопје, 14.04.2016г. – До Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, преку МНР на Република Македонија, пристигна допис од Амбасадата на Федеративна Република Бразил во Софија за акредитација на новинари за користење на услугите од Рио Медиа Центарот (РМЦ) за време на претстојните Олимписки и Параолимписки игри во Рио де Женеиро, 2016 година.[…]

15 радиодифузери не ја исполнија обврската за доставување на годишен извештај за исполнување на обврските од дозволата за радио или ТВ емитување

Скопје, 12.04.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите радиодифузери, со цел да утврди дали ја исполниле обврската од член 15 став 5 од Законот за медиуми, односно во законски предвидениот рок (31 март 2016г.), да достават до Агенцијата писмен извештај за спроведување на обврските утврдени со дозволата за ТВ или Радио емитување.[…]

Агенцијата учествуваше на Последователната конференција на “Speak up” конференцијата

Скопје 07.04.2016 – Денес, во Скопје, се одржа Последователна конференција на ”Speak up” конференцијата, како дел од поддршката од Европската унија за слободата на говорот и слободата на изразувањето.[…]

Првиот јавен состанок за 2016 година Агенцијата го посвети на професионалните новинарски принципи

Скопје, 25.03.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа првиот јавен состанок за 2016 година.[…]

ОБИД ЗА ПРИТИСОК ВРЗ АГЕНЦИЈАТА ОД СТРАНА НА ТВ КАНАЛ 5

Скопје, 18.03.2016г. – ТВ Канал 5 писмено одговори на Извештајот на Агенцијата во кој се констатира дека со содржините од неколку изданија на емисијата „Миленко Неделковски шоу“, Телевизијата ја прекрши забраната за говор на омраза од член 48 на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во својот допис, ТВ Канал 5, освен што покажува непознавање на медиумската регулатива, се обидува да изврши притисок врз регулаторното тело да не го спроведува Законот. Текстовите, и на дописот од ТВ Канал 5 и на одговорот од Агенцијата, следат во прилог.[…]



Accessibility

Accessibility