Скопје, 16 јули 2026 – Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз операторите Кабел Доо, Сигнал Нет и Телекабел за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитува задолжително и бесплатно да ги обезбеди програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, како и за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитува.[…]
Featured Articles
Редовен програмски надзор врз сите радиодифузери и три даватели на АВМУ по барање
Скопје, 15 јули 2026 – Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз сите радиодифузери и трите даватели на АВМУ по барање, за обврската за обезбедување пристапност на услугите за лицата со попреченост, односно за исполнување на годишниот акциски план за пристапност и достава на годишен извештај до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за минатата година, најдоцна до 31 март 2026 година[…]
Редовен програмски надзор врз 12 ТВ програмски сервиси и 3 даватели на АВМУ по барање
Скопје, 15 јули 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски надзор врз телевизиските програмски сервиси на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА: МРТ1, МРТ2 и МРТ5, девет национални телевизии: ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ Компани 21-М, ТВ Шења, ТВ 24 Вести и Наша ТВ и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги видео по барање: Македонски Телеком (Max TV Видеотека), СВОД МАСТЕР (GLEY/ГЛЕЈ) и МТЕЛ (Move)[…]
Структура на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2025 година
Скопје, 14 јули 2026г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изработи aнализа на структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2025 година, во која се претставени податоците за вкупниот број и структурата на вработените во МРТ и комерцијалните радија и телевизии.
Одржан вториот јавен состанок на АВМУ за 2026 година
Скопје, 24 јуни 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа вториот јавен состанок за 2026 година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски ги презентираше активностите реализирани согласно Годишната програма за работа, во текот на вториот квартал од годината.[…]
Соопштение за јавност
Скопје, 16 јуни 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост поради употребата на вулгарен, навредлив и понижувачки говор, како и непримерни гестови во подкастот „Тешки муабети“ со Мечка и Мичо, објавен на платформата YouTube.[…]
Изработен извештај за Сопственоста на медиумите во 2026 година
Скопје, 15 јуни 2026 – Со цел да се зголеми транспарентноста на медиумската сопственост, односно на јавноста да ѝ се обезбеди лесен и директен пристап до податоците за физичките и правните лица кои се сопственици на медиумите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го изработи извештајот за Сопственоста на медиумите во 2026 година[…]
Одржана тркалезна маса за изборната рамка, ППР-то и влијанието на инфлуенсерите
Скопје, 15 мај 2026 – Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Меѓународна фондација за изборни системи (IFES) за Северна Македонија, а со поддршка на Амбасадите на Обединетото Кралство и на Швајцарија во Скопје, денеска се одржа тркалезна маса посветена на анализа на искуствата од Локалните избори 2025 година и можностите за унапредување на регулативата во оваа област[…]
Анализа на објави на инфлуенсер(к)и за време на Локалните избори 2025
Скопје, 14 мај 2026 – Во последните години дигиталните платформи станаа еден од клучните простори за формирање јавно мислење во секое време, вклучувајќи го и изборниот период. Покрај традиционалните медиуми, сега значајна улога во комуникацијата со јавноста имаат и инфлуенсер(к)ите кои имаат профили/канали на социјалните мрежи со голем број следбеници/чки, чија содржина има потенцијал да достигне и мобилизира широка публика.[…]
Отворена јавна расправа за Нацрт-одлука за утврдување листа на настани од големо значење за јавноста на Република Северна Македонија
Скопје, 13.05.2026 – На вчерашната 17-та седница, Советот на Агенцијата усвои Нацрт-одлука за утврдување листа на настани од големо значење за јавноста на Република Северна Македонија, за која е отворена јавна расправа[…]