Скопје, 23.08.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа состанок на кој ја презентираше Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.[…]
Соопштенија за медиуми
Усвоена Нацрт-методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување
Скопје, 17.08.2016 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја усвои Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, и истата е достапна на следниот линк.
[…]
Повик на Привремената комисија за следење на медиумското претставување
Скопје, 16.08.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување упатува повик до сите заинтересирани да аплицираат за членство во Привремената комисија за следење на медиумското претставување и истото да го сторат на меил адресата contact@avmu.mk[…]
Повик за јавна расправа за работната верзија на методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување
Скопје, 10.08.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од денес отвора јавна расправа за работната верзија на методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година,[…]
Радиодифузерите да ја прилагодат програмата на денот на жалост
Скопје, 08.08.2016г. – Поради големиот број човечки животи загубени во временската непогода која ги зафати Скопје и околните места, Владата на Република Македонија го прогласи денешниот ден, 8 август 2016 година, за ден на жалост.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата,[…]
Именувани четири члена на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување
Скопје, 09.08.2016 година – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз основа на член 196-д, став 2 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој влезе во сила на 1 август 2016 година, денес именуваше четири члена на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување.
Отворен циклус за поднесување на нацрт – проекти за развој на медиумите
Скопје, 29.06.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на добиен допис од страна на Министерството за култура, Националната комисија за УНЕСКО, ги информира сите медиуми и медиумски организации дека Меѓународната програма за развој на комуникациите (IPDC) отвори циклус за доставување нацрт – проекти за развој на медиумите, за областите наведени во прилогот кон овој допис.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува инцидентот во ТВ 21
Скопје, 18.06.2016 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот инцидент во ТВ 21.
Активности на АВМУ за популаризирање на правото за одговор и исправка
Скопје, 13 јуни 2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во изминатиот период, спроведе низа активности насочени кон подигање на јавната свест во врска со користењето на правото на одговор и исправка. Ова право е механизам преку кој граѓаните и правните субјекти можат да ги повикаат на одговорност медиумите во случаите кога тие, случајно или намерно, ќе објават неточна информација или ќе повредат нечии права и интереси.
РЕАКЦИЈА НА АГЕНЦИЈАТА НА СТАВОВИТЕ НА ММА И НА СДСМ: АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ СО ФАКТИ, А НЕ СО ЗАКАНИ И НАПАДИ
Скопје, 20 мај 2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги обично реагира кусо и концизно. Меѓутоа, последните две реакции во врска со констатациите од мониторингот на медиумското известување во периодот по распишувањето на предвремените парламентарни избори во 2016 година – едната од СДСМ, а другата од Македонската медиумска асоцијација, бараат на едно место да се соберат фактите од 18-годишното функционирање на регулаторното тело.