26.04.2010г. СРД ги отфрла обвинувањата за непрофесионално работење…

СКОПЈЕ, 26.04. 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) ги отфрла сите неосновани напади, коишто доаѓаат од политички и бизнис субјекти во однос на неговото работење, изнесени во одредени медиуми и на партиски конференции за печат.

Државата и политичките партии во едно демократско опкружување мораат да ја гарантираат независноста на регулаторните тела и секое мешање во нивната работа може негативно да се одрази во општеството и врз слободата на медиумите. Меѓународните норми јасно посочуват дека важни предуслови за развој на демократијата се независната регулација и гарантирањето на слободата на медиумите.

И покрај обидите за политичко мешање, идентификувани во последниот извештај на ЕУ за напредокот на земјата, СРД во досегашното функционирање покажа дека е имун на секаков вид притисоци. Затоа, Советот ги повикува политичките партии и претставниците од медиумскиот бизнис да работат согласно законските и демократските принципи и да не се обидуваат да ја нарушат неговата независност која е негов врвен приоритет како регулаторно тело.



Accessibility

Accessibility