Размена на искуства меѓу регулаторните тела на Република Македонија и Република Словенија…

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 28.11.2014 – На 27 и 28 ноември, претставници од Советот за радиодифузија на Република Словенија
беа во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија. Словенечката делегација ја сочинуваа: Дејан Јеловац претседател на Советот за радиодифузија на Република Словенија,

Валереј Грашич, заменик на претседателот, Јеренеј Маркиќ и Боривој Кос, членови на Советот за радиодифузијаи Роби Брглез, секретар.

 

Директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски ги запозна присутните со составот, надлежностите и делокругот на работа на Агенцијата,  д-р Андриана Скрлев-Чакар, раководител на Стручната служба, ги запозна со составот и организациската структура на Стручната служба на Агенцијата, а свои презентации имаа м-р Емилија Јаневска, раководител на Секторот за програмски работи, Катерина Доневска, соработник во Секторот за истражување и долгорочен развој и м-р Владимир Ѓоргиевски, виш соработник во Секторот за спречување на пиратерија и заштита на авторското право и сродните права.

На состанокот беа презентирани начините на кои Агенцијата ги спроведува програмскиот, административниот и стручниот надзор, беа претставени плановите за мониторинг, методологијата, опфатот на мониторингот, динамиката на мониторингот како и можните санкции. Исто така, се зборуваше и за медиумската писменост,  законските одредби кои ја регулираат оваа област и улогата на регулаторот во промовирањето во медиумската писменост.

Беа објаснети и начините за утврдување на недозволена медиумска концентрација, и беа разменети искуства во врска со заштита на авторските права и спречување на пиратерија во програмите на радиодифузерите и програмските сервиси реемитувани преку операторите на јавни електронски комуникациски мрежи.



Accessibility

Accessibility