06.05.2011г. СРД ќе одржи работилница за методологијата за мониторинг на медиумското претставување во изборната кампања

СКОПЈЕ, 06.05.2011 –  Со почетокот на изборната кампања на 16ти мај 2011, започнува и мониторингот на СРД врз работењето на радиодифузерите. Со цел тие полесно да го усогласат своето работење со одредбите од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања, СРД организира работилница за методологијата за мониторинг на медиумите во изборната кампања.[…]

03.05.2011г. СРД ги повикува сите општествени чинители да придонесат кон унапредување на слободата на медиумите

СКОПЈЕ, 03.05.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) на сите медиуми им го честита денешниот Меѓународен ден на слободата на медиумите, којшто има цел промовирање и подигнување на свеста за значењето на слободата и независноста на медиумите – притоа потсетувајќи ги државните институции за нивната обврска да го почитуваат и поддржуваат правото на слободата на изразување.[…]

На сила стапија правилниците на СРД за медиумското покривање на изборите

СКОПЈЕ, 28.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска ги извести сите радиодифузери дека на 27 април 2011 година во „Службен весник на Република Македонија“ број 60, се објавени „Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања“ и „Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања.“[…]

26.04.2011г. СРД ќе поднесе кривична пријава против ЈП Службен весник

СКОПЈЕ, 26.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) ќе поднесе кривична пријава против Јавното претпријатие Службен весник и против неговото одговорно лице, поради тоа што одби да ги објави подзаконските акти за регулирање на медиумското покривање на изборите.[…]

21.04.2011г. СРД ги усвои правилниците за медиумското покривање на изборите

СКОПЈЕ, 21.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги усвои „Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања“ и „Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнувањето на изборната кампања“ со шест гласа „за“ и два „против“ во законски определениот рок согласно со Изборниот законик.[…]

19.04.2011г. СРД ги изготви предлог-правилниците за медиумското покривање на изборите и побара мислење од ДИК

СКОПЈЕ, 19.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска попладне ги усвои предлог-правилниците за медиумското покривање на изборите пред започнувањето на изборната кампањата и за време на кампањата. Притоа беа разгледани и земени предвид сите коментари и забелешки што до СРД ги упатија радиодифузерите,Центарот за развој на медиуми и граѓанскиот сектор.[…]

18.04.2011г. СРД, ЗНМ, МОСТ и претставници од медумите попрецизно ги дефинираа правните рамки за медиумското покривање на изборите

СКОПЈЕ,  18.04.2011 – Членови на Советот за радиодифузија (СРД), раководството на Здружението на новинарите (ЗНМ), претставници од невладината МОСТ и од останатиот граѓанскиот сектор и медиумите денеска заеднички ги разгледаа, ги коментираа и ги доусовршуваа правилниците за медиумското покривање на изборите пред кампањата и за време на изборната кампања, што во нацрт верзија ги понуди СРД.[…]

15.04.2011г. Демант на обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ

СКОПЈЕ, 15.04.2011 – Советот за радиодифузија е независно регулаторно тело за медиуми и најостро ги демантира обвинувањата, изнесени на прес-конференцијата на владејачката ВМРО ДПМНЕ. Ваквите напади се најнедемократски обид на еден политички субјект за вршење притисок врз независното регулаторно тело пред претстојните избори преку ширење клевети и невистини. Нарушувањето на независноста на регулаторното тело за медиуми им прилега на тоталитарни режими, а не демократски општества.[…]

15.04.2011г. Во СРД се одржа тркалезна маса за правилниците за медиумското покривање на изборите

СКОПЈЕ, 15.04.2011 – Над 60 претставници на медиумите, граѓанскиот сектор и меѓународните институции активно учествуваа на тркалезната маса, што ја организираше Советот за радиодифузија (СРД) на 14 и 15 април, во чијшто фокус беа правилниците за медиумското покривање на изборната кампања како и на периодот од распишувањето на изборите до почетокот на кампањата. Овие правилници беа изготвени врз основа на Изборниот законик, вклучително и неговите последни измени.[…]

14.04.2011г. СРД организира тркалезна маса за правилниците за медиумско покривање на изборите

14.04.2011, СКОПЈЕ – Советот за радиодифузија денеска и утре ќе одржи тркалезна маса за “Предлог правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања“ и  “Предлозите за измена на правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време  на изборната кампања”. Состаноците со претставниците на медиумите и на сите заинтересирани страни за медиумското покривање на изборите имаат за цел преку јавен дијалог да се да се обликува конечниот изглед на второстепената регулатива за медиумско покривање на изборите.[…]



Accessibility

Accessibility