19.04.2011г. СРД ги изготви предлог-правилниците за медиумското покривање на изборите и побара мислење од ДИК

СКОПЈЕ, 19.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска попладне ги усвои предлог-правилниците за медиумското покривање на изборите пред започнувањето на изборната кампањата и за време на кампањата. Притоа беа разгледани и земени предвид сите коментари и забелешки што до СРД ги упатија радиодифузерите,Центарот за развој на медиуми и граѓанскиот сектор.[…]

18.04.2011г. СРД, ЗНМ, МОСТ и претставници од медумите попрецизно ги дефинираа правните рамки за медиумското покривање на изборите

СКОПЈЕ,  18.04.2011 – Членови на Советот за радиодифузија (СРД), раководството на Здружението на новинарите (ЗНМ), претставници од невладината МОСТ и од останатиот граѓанскиот сектор и медиумите денеска заеднички ги разгледаа, ги коментираа и ги доусовршуваа правилниците за медиумското покривање на изборите пред кампањата и за време на изборната кампања, што во нацрт верзија ги понуди СРД.[…]

15.04.2011г. Демант на обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ

СКОПЈЕ, 15.04.2011 – Советот за радиодифузија е независно регулаторно тело за медиуми и најостро ги демантира обвинувањата, изнесени на прес-конференцијата на владејачката ВМРО ДПМНЕ. Ваквите напади се најнедемократски обид на еден политички субјект за вршење притисок врз независното регулаторно тело пред претстојните избори преку ширење клевети и невистини. Нарушувањето на независноста на регулаторното тело за медиуми им прилега на тоталитарни режими, а не демократски општества.[…]

15.04.2011г. Во СРД се одржа тркалезна маса за правилниците за медиумското покривање на изборите

СКОПЈЕ, 15.04.2011 – Над 60 претставници на медиумите, граѓанскиот сектор и меѓународните институции активно учествуваа на тркалезната маса, што ја организираше Советот за радиодифузија (СРД) на 14 и 15 април, во чијшто фокус беа правилниците за медиумското покривање на изборната кампања како и на периодот од распишувањето на изборите до почетокот на кампањата. Овие правилници беа изготвени врз основа на Изборниот законик, вклучително и неговите последни измени.[…]

14.04.2011г. СРД организира тркалезна маса за правилниците за медиумско покривање на изборите

14.04.2011, СКОПЈЕ – Советот за радиодифузија денеска и утре ќе одржи тркалезна маса за “Предлог правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања“ и  “Предлозите за измена на правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време  на изборната кампања”. Состаноците со претставниците на медиумите и на сите заинтересирани страни за медиумското покривање на изборите имаат за цел преку јавен дијалог да се да се обликува конечниот изглед на второстепената регулатива за медиумско покривање на изборите.[…]

11.04.2011г. СРД организира прес-конференција за правилата за медиумското покривање на предвремените парламентарни избори

СКОПЈЕ, 11.04.2011 – Последните измени во Изборниот законик, подзаконските акти за медиумското покривање на пред-изборните активности и обврските на Советот за радиодифузија (СРД) и на радиодифузерите во однос на покривањето на изборниот процес ќе биде темата на прес-конференцијата што ја организира Советот за радиодифузија.[…]

29.03.2011г. Во присуство на претставници од медиумите СРД на јавна седница ги претстави новините што ќе ги донесе новиот закон за електронски медиуми

СКОПЈЕ, 29 март 2011 – Како ќе влијае пренесувањето на европската директива за аудио-визуелните медиумски услуги врз медиумските компании во Р. Македонија беше темата на денешната јавна седница на Советот за радиодифузија, што се одржа во присутво на голем број претставници од медиумите во земјава.[…]

09.03.2011г. СРД одржа работилница за европски аудиовизуелни дела

Скопје, 9 март 2011 – Со цел правилно пополнување и навремено доставување на обрасците за емитувани европски аудио-визуелни дела денеска во Советот за радиодифузија (СРД) се одржа работилница за претставници од електронските медиуми.[…]

09.03.2011г. Советот за радиодифузија им укажува на медиумите да ги почитуваат програмските стандарди во политичкото рекламирање

СКОПЈЕ, 9 март 2011 – Со оглед на интензивираното политичко рекламирање  на телевизиските програмски сервиси, Советот за радиодифузија (СРД) уште еднаш им укажува на електронските медиуми дека и за политичкиот маркетинг мора да се почитуваат стандардите за рекламирањето, утврдени во Законот за радиодифузната дејност.[…]



Accessibility

Accessibility