Скопје, 25.01.2016г. – Интернет порталот Либертас, денеска објави допис од претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите г-ѓа Дуња Мијатовиќ до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, под наслов „Скандалозно: Зоран Трајчевски ја молел Дуња Мијатовиќ да каже дека нема потреба од медиумски реформи“. Објавениот допис од г-ѓа Мијатовиќ е одговор на претходно писмо што Агенцијата го упати до неа во декември минатата година, а кое регулаторното тело го објавува во прилог на оваа реакција со цел да придонесе за објективноста и точноста во известувањето.[…]
Годишен извештај за досегот на радиостаниците и уделот на сателитски, регионални и локални ТВ во вкупната гледаност
Скопје, 21.01.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го објавува Годишниот извештај за 2015 година, за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално и локално ниво.[…]
Податоци за досегот на радиостаниците и уделот на сателитски, регионални и локални ТВ во вкупната гледаност – четврт квартал 2015 година
Скопје, 15.01.2016 – Податоците за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуват програма на регионално и на локално ниво,[…]
Се зголемува квотата за изворно создадена програма, за музиката – нема промена
Скопје, 13.01.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува медиумите дека во 2016 година, се зголемува процентот за емитување изворно создадена програма во Република Македонија на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во Република Македонија. Како што е пропишано во член 92 ставови 1 и 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, почнувајќи од 1 јануари 2016 година, за трговските радиодифузни друштва и за непрофитните радиодифузни установи обврската за изворно создадена програма изнесува 50%, а за Јавниот радиодифузен сервис изнесува 60% од вкупно емитуваната програма во текот на едно деноноќие, со исклучок на времето што отпаѓа на содржините кои не подлежат на класификација.[…]
Усвоена Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси
Скопје, 05.01.2016 – Согласно обврската утврдена во Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој стапи на сила на 10 ноември 2015 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја донесе Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.[…]
Агенцијата им изрече мерки – опомена на РА ЗОНА М-1, РА УРБАН ФМ, РА Роса – АБ, РА Арачина и РА КЛУБ ФМ
Скопје, 04.01.2016- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во согласност со Годишниот план за вршење надзор, спроведе редовен надзор врз работата на РАДИО ЗОНА М-1 ДООЕЛ Скопје, УРБАН ФМ РАДИО ДООЕЛ, Радио Арачина ДООЕЛ Арачиново, Радио Роса – АБ ДООЕЛ Скопје и Радио КЛУБ ФМ ДОО Скопје[…]
Агенцијата го одржа четвртиот јавен состанок за 2015 година
Скопје, 22.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа четвртиот јавен состанок за 2015 година. Воведно обраќање имаше директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, кој ги презентираше активностите[…]
Oд недела во сила забраната за емитување платено политичко рекламирање
Скопје, 18.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува сите медиуми дека во недела, 20 декември 2015 година,[…]
Реакција за негативните кампањи на политичките партии
Скопје, 18.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на претставки и реакции, ги прегледа содржините на повеќе спотови платено политичко рекламирање нарачани од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, кои деновиве се емитуваат на програмите на радиодифузерите.[…]
Повик за јавна расправа по нацрт-методологијата за мониторинг на изборното претставување
Скопје, 15.12.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиски програмски сервиси за време на изборни процеси и ги повикува медиумите, политичките партии и сите други заинтересирани субјекти да се вклучат во јавната расправа по нацрт-текстот.[…]