Редовен административен надзор врз 21 печатен медиум

Скопје, 5 април 2024 – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз 21 издавач на печатен медиум со цел да констатира дали истите ги објавиле податоците за сопственичката структура, податоците за називот и седиштето на правните лица или името и местото на престојување на физичките лица кои се сопственици на акции или на удел кај издавачот на медиумот[…]

ТВ содржини кои ќе бидат прилагодени за лицата со попреченост за време на Изборите 2024

Скопје, 3 април 2024 – Согласно обврските од Изборниот законик, Јавниот радиодифузен сервис, односно Првиот и Вториот програмски сервис на Македонска телевизија и приватните телевизиски програмски сервиси на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, имаат обврска при известувањето за изборите, едно издание на вестите и една содржина емитувана во периодот од 16.00 – 24.00 часот да ја прилагодат за лицата со сетилна попреченост.

[…]

Редовен програмски надзор врз операторите Датаком ЈВ, Македонски Телеком, Неотел и Спајдер

Скопје, 3 април 2024 –  Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз операторите Датаком ЈВ, Македонски Телеком, Неотел и Спајдер за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, како и за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат[…]

Одржана панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите

Скопје, 3 април 2024 – Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) денес се одржа панел дискусијата „Политичкото рекламирање и интегритетот на изборите“. Целта на настанот беше да се поттикне меѓу-институционален дијалог за предизвиците на изборниот интегритет во однос на политичкото рекламирање.[…]

ПОКАНА ЗА МЕДИУМИ

Скопје, 2 април 2024 – Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) утре 3 април 2024, со почеток во 10:00 часот во хотел Мериот во Скопје  ќе се одржи панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите.[…]

ДОНЕСЕНО УПАТСТВО ЗА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ И ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Скопје, 29 март 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со цел појаснување на начинот на примена на правилата од Изборниот законик донесе Упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.[…]

Родово заснованото насилство на националните телевизии во фокусот на првиот јавен состанок на АВМУ

Скопје, 28 март 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 22 март 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот физички напад од страна на извршителката Весна Јакимовска од Кичево, врз новинарот Фуркан Салиу од ПорталИкс[…]

Одржана работилница за справување со говорот на омраза кај медиумите и онлајн платформите

Скопје, 21 март 2024 – Вчера во рамки на Твининг проектот “Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Јавниот радиодифузен сервис”, се одржа работилницата „Справување со говорот на омраза кај медиумските услуги и онлајн платформите“, наменета за членките на Мрежата против говор на омраза во медиумите и вработените во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.[…]



Accessibility

Accessibility