Одржани работни состаноци со националните радиодифузери за правилата за изборно медиумско претставување

 Скопје, 02.09.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа работни состаноци со националните радиодифузери во Република Македонија, како и со Јавниот радиодифузен сервис. Целта беше ТВ и радио програмските сервиси да се информираат и уште еднаш да се потсетат на правилата за изборно медиумско претставување.[…]

Именуван петтиот член на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување

Скопје, 01.09.2016 година – По предлог на четирите члена на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, постигнат со консензус, Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни … […]

Од утре започнува мониторингот на изборното медиумско претставување

Скопје, 01.09.2016 година  – Советот на Агенцијата на денешната 30-та седница, во согласност со Договорот меѓу четирите најголеми парламентарни политички партии од 31 август 2016 година, одлучи да ја укине Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, донесена на 26.08.2016 година. Методологијата беше подготвена во согласност со последните измени на Изборниот законик од август оваа година.[…]

Одговор до ММА во врска со усвоената Методологија за избори

Скопје, 31.08.2016г. – Македонската медиумска асоцијација (ММА), се обрати со допис до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со усвоената Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.[…]

Одговор до СДСМ на барањето за измена на Методологијата за мониторинг

Скопје, 29.08.2016г. – Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пристигна барање за измена на Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.
Дописот пристигна по завршувањето на седницата на Советот на Агенцијата, која се одржа на 26.08.2016 година, и на која Советот едногласно ја усвои Методологијата во нејзината конечна форма.[…]

Донација од 1.000.000 денари за санирање на последиците од поплавите во Скопскиот регион

Скопје, 26.08.2016 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 29-та седница, донесе одлука за доделување на финансиска помош – донација за санирање на последиците од поплавите во Скопскиот регион, во износ од 1.000.000 денари.[…]

Усвоена Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување

Скопје, 26.08.2016г. – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 29-та седница, ја усвои Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година. Истата е достапна на линкот во прилог:[…]

Реакција на написот во Дневник „За да изградат случај против мене, го глумат и Нострадамус“

Скопје, 26.08.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира на текстот „За да изградат случај против мене, го глумат и Нострадамус“, објавен во весникот Дневник на 25 август, со кој се прави уште еден обид за притисок врз регулаторното тело и тоа шест месеци по настанот на кој се реферира.[…]

Реакција на соопштението на СДСМ „Петтиот член на ад-хок телото мора да биде експерт, Груевски не може да спречи фер избори“

Скопје, 25.08.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги упатува остра реакција на ставовите изнесени во соопштението на СДСМ под наслов „Петтиот член на ад-хок телото мора да биде експерт, Груевски не може да спречи фер избори“.[…]



Accessibility

Accessibility