Скопје, 23.04.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро ги демантира наводите изнесени во денешното соопштение за јавност на СДСМ, во кое се наведува дека СДСМ очекува АВМУ да ја санкционира телевизијата ТВ Сител, заради емитување на прилог со наслов “Дали во позадина на сценаристот за дестабилизација е план за федерализација на Македонија“, и дека за овој прилог СДСМ доставиле соодветен приговор до АВМУ.
Соопштенија за медиуми
Податоци за досегот на радиостаниците и телевизиите за уделот во вкупната гледаност – прв квартал 2016 година
Скопје, 19.04.2016г. – Податоците за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално ниво, прв квартал за 2016 година може да ги преземете на следниот[…]
ПРОДОЛЖУВААТ ОБИДИТЕ ЗА ПРИТИСОК ВРЗ АГЕНЦИЈАТА
Скопје, 18.04.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира на обидите за манипулација и извртување на вистината со тврдењата дека побарала да се цензурира изданието на емисијата „Миленко Неделковски шоу“, емитувано ноќта меѓу 15 и 16 април 2016 година.
Агенцијата започнува со мониторинг на медиумското известување за Предвремените парламентарни избори
Скопје, 15.04.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на медиумското известување за Предвремените парламентарни избори.[…]
ОБВРСКА ЗА УСВОЈУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ ЦЕНОВНИЦИ ЗА ППР
Скопје, 15.04.2016 година – Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека од денес тече рокот од пет дена во кој треба да усвојат и да достават ценовници за платено политичко рекламирање.[…]
ОСУДА ЗА НАПАДИТЕ ВРЗ МЕДИУМИ
Скопје, 15.04.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува нападот врз Радио Слободна Македонија за време на вчерашните протести.[…]
ДА СЕ ОВОЗМОЖИ НОВИНАРИТЕ НЕПРЕЧЕНО ДА ИЗВЕСТУВААТ
Скопје, 14.04.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува насилството врз новинарите за време на вчерашните протести и смета дека ваквите чинови се директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.[…]
АКРЕДИТАЦИЈА НА НОВИНАРИ ЗА ОЛИМПИСКИТЕ И ПАРАОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО БРАЗИЛ 2016г.
Скопје, 14.04.2016г. – До Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, преку МНР на Република Македонија, пристигна допис од Амбасадата на Федеративна Република Бразил во Софија за акредитација на новинари за користење на услугите од Рио Медиа Центарот (РМЦ) за време на претстојните Олимписки и Параолимписки игри во Рио де Женеиро, 2016 година.[…]
Агенцијата учествуваше на Последователната конференција на “Speak up” конференцијата
Скопје 07.04.2016 – Денес, во Скопје, се одржа Последователна конференција на ”Speak up” конференцијата, како дел од поддршката од Европската унија за слободата на говорот и слободата на изразувањето.[…]
Првиот јавен состанок за 2016 година Агенцијата го посвети на професионалните новинарски принципи
Скопје, 25.03.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа првиот јавен состанок за 2016 година.[…]