19.11.2009г. СРД го осуди нападот врз новинарот од магазинот „Крема“

Скопје, 19 ноември 2009 – Членовите на Советот за радиодифузија (СРД) упатија најостра осуда на последниот напад врз претставник од медиумите.

„Слободата на изразување е признаено како човеково право во Членот 19 од Универзалната декларација за човековите права и е одлика на демократско општество; секој облик на загрозување на слободата на говор и слободата на медиумите води кон тоталитаризам.“[…]

18.11.2009г. СРД и ДЗЛП ќе ја унапредат заштитата на личните податоци при медиумското известување

Скопје, 18 ноември 2009 – Координиран пристап кон намалување на случаите од преобемна обработка на личните податоци во известувањата на електронските медиуми се предвидува во меморандумот за соработка, потпишан меѓу Советот за радиодифузија (СРД) и Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП).[…]

17.11.2009г. Сателитските телевизии мораат да го кодираат сигналот

Скопје, 17 ноември 2009 – Македонските сателитски телевизии, кои сè уште го немаат кодирано сигналот да го направат тоа заради заштита на авторските и сродните права – ова е заклучокот што едногласно го усвоија членовите на Советот за радиодифузија (СРД).[…]

02.11.2009г. СРД ги повика операторите на телекомуникациски мрежи да ги почитуваат авторските права

Најновиот мониторинг на кабелските оператори забележа подобрување на состојбата со почитувањето на авторските права. Скопје, 2 ноември, 2009 – Советот за радиодифузија на Република Македонија … […]

14.10.2009г. СРД ги интензивира активностите за откривање и спречување на можна нелегална медиумска концентрација

Законот за радиодифузната дејност ја ограничува можноста за поседување на повеќе електронски медиуми и го забранува истовременото поседување на електронски и печатени медиуми. Скопје, 14 … […]

13.10.2009г. СРД ја повика ТВ А1 да ја почитува медиумската етика во однос на квизот „Момент на вистината“

Доколку ТВ А1 не ја усогласи проблематичната телевизиска содржина со законските одредби, СРД ќе преземе соодветни мерки, пропишани со Законот за радиодифузната дејност. СКОПЈЕ, 13 … […]

29.09.2009г. Укажување до ТВ Сител поради емитувани елементи со навредлив вокабулар

СКОПЈЕ, 29 септември 2009 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска одлучи до ТВ Сител да упати сериозно укажување за постоење опасност од ширење национална нетрпеливост преку програмите на оваа телевизија.[…]



Accessibility

Accessibility