Скопје, 27.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа третиот јавен состанок за 2016 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој подробно ги образложи активностите поврзани со реализираните надзори, изречените мерки-опомена на радиодифузерите, операторите на јавни комуникациски мрежи и печатените медиуми, како и барањата за поведување прекршочна постапка.[…]


