Предлог на Привремената комисија за 18 извештаи од извршен мониторинг

Скопје, 20.09.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување врз основа на писмените извештаи за извршен мониторинг на изборното медиумско претставување врз 18 програмски сервиси, достави Предлог до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се предлага да не се преземаат мерки.[…]

Билатерална средба помеѓу регулаторните тела на Република Бугарија и Република Македонија во Софија

Скопје, 15.09.2016г. – Делегација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 14 до 17 септември е во службена посета на Советот за електронски медиуми – ЦЕМ на Република Бугарија. Целта на посетата е споделување на меѓусебни искуства во повеќе сегменти, меѓу кои мониторинг за време на изборни циклуси, и размена на гледишта околу реалните шоу програми, заштита на малолетната публика, рекламирање.[…]

Работна средба на Агенцијата и Државната изборна комисија

Скопје, 14.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска беше домаќин на работната средба со членовите на Државната изборна комисија. Во фокусот на состанокот беа меѓусебното информирање за досегашните активности, како и напорите насочени кон подигнување на нивото на почитување на изборната регулатива.[…]

Поднесено барање за поведување прекршочна постапка за МРТ1

Скопје, 09 септември 2016г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по поднесениот предлог од Привремената комисија за следење на медиумското претставување поднесе барање за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена против Првиот телевизиски програмски сервис на Македонската радиотелевизија.
[…]

Агенцијата изврши мониторинг врз првиот програмски сервис – МРТ1

 Скопје, 07.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши Мониторинг врз Првиот телевизиски програмски сервис на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1).[…]

Одржани работни состаноци со националните радиодифузери за правилата за изборно медиумско претставување

 Скопје, 02.09.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа работни состаноци со националните радиодифузери во Република Македонија, како и со Јавниот радиодифузен сервис. Целта беше ТВ и радио програмските сервиси да се информираат и уште еднаш да се потсетат на правилата за изборно медиумско претставување.[…]

Именуван петтиот член на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување

Скопје, 01.09.2016 година – По предлог на четирите члена на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, постигнат со консензус, Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни … […]

Одговор до ММА во врска со усвоената Методологија за избори

Скопје, 31.08.2016г. – Македонската медиумска асоцијација (ММА), се обрати со допис до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со усвоената Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.[…]

Одговор до СДСМ на барањето за измена на Методологијата за мониторинг

Скопје, 29.08.2016г. – Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пристигна барање за измена на Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.
Дописот пристигна по завршувањето на седницата на Советот на Агенцијата, која се одржа на 26.08.2016 година, и на која Советот едногласно ја усвои Методологијата во нејзината конечна форма.[…]



Accessibility

Accessibility