13.05.2010г. СРД побара брзо решавање на спорот меѓу BoomTV и четирите национални телевизии…

СКОПЈЕ,  13.05.2010 – Во однос на последните случувања со барањето на ТВ Телма, ТВ Сител, ТВ Канал5 и ТВ Алсат – М да бидат исклучени од пакетот BOOM TV на операторот Digiplus Multimedia, Советот за радиодифузија (СРД) ги повикува сите инволвирани страни што побргу да изнајдат заедничко решение за уредување на авторските и сродните права во интерес на публиката.[…]

04.05.2010г. Раскинати договорите на 35 кабелски оператори за пренос на „Пинк“…

СКОПЈЕ, 04.05.2010 – Медиа систем (Media System GmbH) од Виена, како застапник на преносот на правата за реемитување на телевизиските програмски сервиси на РТВ Пинк, познати под имињата Пинк Плус, Пинк Музика и Пинк Фолк за подрачјето на Република Македонија,[…]

03.05.2010г. СРД на сите медиуми им го честита Меѓународниот ден за слобода на медиумите…

СКОПЈЕ, 03.05.2010 – Советот за радиодифузија (СРД) на сите медиуми им го честита Меѓународниот ден за слобода на медиумите. Членовите на СРД се едногласни, дека еден од носителите на демократските општества се независните и професионални медиуми, коишто поттикнуваат општествен дијалог, им се обраќаат на различните општествени групи и поттикнуваат општествена кохезија.[…]

28.04.2010г. СРД организираше работилница за регионализацијата на радиодифузијата…

СКОПЈЕ, 28.04.2010 – Процесот на регионализација на радиодифузијата беше во фокусот на денешната работилница, што ја организираше Советот за радиодифузија, а на која учествуваа околу шеесетина претставници од локални и национални телевизии од цела Македонија, како и претставници од невладиниот сектор.[…]

26.04.2010г. СРД ги отфрла обвинувањата за непрофесионално работење…

СКОПЈЕ, 26.04. 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) ги отфрла сите неосновани напади, коишто доаѓаат од политички и бизнис субјекти во однос на неговото работење, изнесени во одредени медиуми и на партиски конференции за печат.[…]

07.04.2010г. Успешна трансформација на јавното Радио Охрид во комерцијален медиум…

СКОПЈЕ, 7 април 2010 – Поранешното јавно локално Радио Охрид успешно се трансформираше во комерцијален радиодифузер со што ги исполни законските услови за Советот за радиодифузија (СРД) да му додели дозвола за комерцијално вршење радиодифузна дејност на локално ниво.[…]

26.03.2010г. СРД го усвои извештајот за работа за 2009 година…

СКОПЈЕ, 26 март 2010 – Советот за радиодифузија на денешната седница го усвои извештајот за работа за 2009 година. Акцентот е ставен врз неколкуте предизвици што ги имаше СРД во текот на минатата година, како што беа локалните и претседателските избори и обезбедувањето непречен развој на нови аудио-визуелни медиумски сервиси во услови на правни празнини. Општ заклочок е дека СРД,[…]

01.03.2010г. Доделени шест нови дозволи за локални радија во Куманово, Гостивар, Кичево, Струга и Кочани…

СКОПЈЕ, 1 март 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) одлучи да додели дозволи за отворање на шест радио станици на локално ниво. Во Гостивар ќе биде отворено едно музичко-говорно радио од општ формат на албански јазик.[…]

26.02.2010г. СРД: Македонија во 2011 година ќе биде домаќин на состанокот на Европската платформа на регулаторни тела…

СКОПЈЕ, 26 февруари 2010 – Советот за радиодифузија на Република Македонија (СРД) ќе биде домаќин на состанокот на Европската платформа на регулаторни тела (ЕПРА) од областа на електронските медиуми пролетта, 2011 година. Оваа одлука ја донесе Извршниот одбор на ЕПРА по разгледувањето на апликациите за организирање на овој состанок, што ги доставија регулаторните тела од повеќе европски земји.[…]



Accessibility

Accessibility