СКОПЈЕ, 7 април 2010 – Поранешното јавно локално Радио Охрид успешно се трансформираше во комерцијален радиодифузер со што ги исполни законските услови за Советот за радиодифузија (СРД) да му додели дозвола за комерцијално вршење радиодифузна дејност на локално ниво.[…]
26.03.2010г. СРД го усвои извештајот за работа за 2009 година…
СКОПЈЕ, 26 март 2010 – Советот за радиодифузија на денешната седница го усвои извештајот за работа за 2009 година. Акцентот е ставен врз неколкуте предизвици што ги имаше СРД во текот на минатата година, како што беа локалните и претседателските избори и обезбедувањето непречен развој на нови аудио-визуелни медиумски сервиси во услови на правни празнини. Општ заклочок е дека СРД,[…]
12.03.2010г. СРД го започнува процесот на регионализација…
СКОПЈЕ, 12 март 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа документите со конкурсните услови за претстојниот процес на регионализација на локалната радиодифузија.[…]
01.03.2010г. Доделени шест нови дозволи за локални радија во Куманово, Гостивар, Кичево, Струга и Кочани…
СКОПЈЕ, 1 март 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) одлучи да додели дозволи за отворање на шест радио станици на локално ниво. Во Гостивар ќе биде отворено едно музичко-говорно радио од општ формат на албански јазик.[…]
26.02.2010г. СРД: Македонија во 2011 година ќе биде домаќин на состанокот на Европската платформа на регулаторни тела…
СКОПЈЕ, 26 февруари 2010 – Советот за радиодифузија на Република Македонија (СРД) ќе биде домаќин на состанокот на Европската платформа на регулаторни тела (ЕПРА) од областа на електронските медиуми пролетта, 2011 година. Оваа одлука ја донесе Извршниот одбор на ЕПРА по разгледувањето на апликациите за организирање на овој состанок, што ги доставија регулаторните тела од повеќе европски земји.[…]
17.02.2010г. СРД го засилува мониторингот на интерактивните телевизиски квизови со посебна телефонска тарифа заради минимизирање на опасноста од можни измами…
СКОПЈЕ, 17 февруари 2010 – Поради постојаните поплаки од граѓаните во однос на телевизиските интерактивни квизови, коишто вклучуваат и телефонски услуги со посебна тарифа, Советот за радиодифузија (СРД) им упати укажување на телевизиските станици да ги почитуваат законските и подзаконските акти што ги регулираат овие медиумски содржини заради минимизирање на опасноста од можни измами.[…]
15.02.2010г. Битолскиот Универзитет Св. Климент Охридски доби студентско радио…
СКОПЈЕ, 15 февруари – Со одлуката на СРД да додели дозвола за локално непрофитно студентско радио во Битола, студентите од Универзитетот Св. Климент Охридски добиваат можност за подобрено информирање за настаните, што се случуваат во кампусот на овој универзитет.[…]
11.02.2010г. Новиот француски амбасадор го посети Советот за радиодифузија и најави продолжување на добрата соработка…
СКОПЈЕ, 11 февруари, 2010 – Унапредувањето на взаемната соработка и одржувањето на високо ниво на комуникација беа во фокусот на денешниот состанокот одржан, меѓу претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефаноски и новиот амбасадор на Франција во Македонија, Жан-Клод Шлумберже.
05.02.2010г. СРД додели три нови дозволи за телевизии на локално ниво и една сателитска телевизија
Nuk ka asnjë përkthim për këtë artikull[…]
17.11.2009г. Сателитските телевизии мораат да го кодираат сигналот…
Скопје, 17 ноември 2009 – Македонските сателитски телевизии, кои сè уште го немаат кодирано сигналот да го направат тоа заради заштита на авторските и сродните права – ова е заклучокот што едногласно го усвоија членовите на Советот за радиодифузија (СРД).
[…]