17.02.2010г. СРД го засилува мониторингот на интерактивните телевизиски квизови со посебна телефонска тарифа заради минимизирање на опасноста од можни измами…

СКОПЈЕ, 17 февруари 2010 – Поради постојаните поплаки од граѓаните во однос на телевизиските интерактивни квизови, коишто вклучуваат и телефонски услуги со посебна тарифа, Советот за радиодифузија (СРД) им упати укажување на телевизиските станици да ги почитуваат законските и подзаконските акти што ги регулираат овие медиумски содржини заради минимизирање на опасноста од можни измами.[…]

15.02.2010г. Битолскиот Универзитет Св. Климент Охридски доби студентско радио…

СКОПЈЕ, 15 февруари – Со одлуката на СРД да додели дозвола за локално непрофитно студентско радио во Битола, студентите од Универзитетот Св. Климент Охридски добиваат можност за подобрено информирање за настаните, што се случуваат во кампусот на овој универзитет.[…]

11.02.2010г. Новиот француски амбасадор го посети Советот за радиодифузија и најави продолжување на добрата соработка…

СКОПЈЕ, 11 февруари, 2010 – Унапредувањето на взаемната соработка и одржувањето на високо ниво на комуникација беа во фокусот на денешниот состанокот одржан, меѓу претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефаноски и новиот амбасадор на Франција во Македонија, Жан-Клод Шлумберже.

[…]

17.11.2009г. Сателитските телевизии мораат да го кодираат сигналот…

Скопје, 17 ноември 2009 – Македонските сателитски телевизии, кои сè уште го немаат кодирано сигналот да го направат тоа заради заштита на авторските и сродните права – ова е заклучокот што едногласно го усвоија членовите на Советот за радиодифузија (СРД).
[…]

29.09.2009г. Укажување до ТВ Сител поради емитувани елементи со навредлив вокабулар

СКОПЈЕ, 29 септември 2009 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска одлучи до ТВ Сител да упати сериозно укажување за постоење опасност од ширење национална нетрпеливост преку програмите на оваа телевизија.
[…]

17.09.2009г. Советот за радиодифузија ќе поведе прекршочна постапка против Сител телевизија поради загрозување на малолетна публика…

Советот за радиодифузија на Република Македонија (СРД) на последната седница одлучи против Телевизија СИТЕЛ да поведе прекршочна постапка поради емитуваното интервју со злоупотребувано малолетно лице, поради опис на експлицитни сцени на насилство и недостоинствено претставување на жртвата, што можат негативно да влијаат врз малолетната публика.
[…]



Accessibility

Accessibility